ЗНАМ го критикува Герасимовски за распределбата на помошта за пензионерите, пари добиле само оние што први се пријавиле

Советниците на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија во Општина Центар ја критикуваат распределбата на финансиската помош за пензионерите, обвинувајќи го градоначалникот Горан Герасимовски дека со принципот „прв дојден, прв услужен“ не им дал приоритет на оние на кои помошта им е најпотребна. Во соопштението од ЗНАМ наведуваат дека седумте милиони денари наменети за пензионерите биле потрошени за само два дена, …

Continue Reading

Од фармата до чашата: Како се следи квалитетот на млекото во „Здравје“

Колку потрошувачите знаат за млекото што секојдневно го пијат? Повеќето ја проверуваат масленоста на амбалажата, го избираат посакуваниот производ и продолжуваат со купувањето. Но, бројката на пакувањето не ја раскажува целата приказна. Пред млекото да стигне до потрошувачите, неговиот состав се проверува, суровината се преработува, а готовиот производ мора да исполнува барања за безбедност. Притоа, квалитетот започнува многу порано, со …

Continue Reading

Османи побара од Франција поголема поддршка за евроинтеграциите и односите со Бугарија

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи, престојува во работна посета на Париз, во чии рамки остварува средби во францускиот Сенат, Националното собрание и други француски институции, со фокус на европската перспектива на Северна Македонија и случувањата во Западен Балкан. Како што соопшти ДУИ, во центарот на разговорите биле процесот на европска интеграција, …

Continue Reading

Вучиќ ги демантира тврдењата дека планирал насилно да остане на власт по изборниот пораз: Никој од странство не ми се јави

Поранешниот српски претседател и носител на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ, ги демантираше тврдењата на британски „Тајмс“ дека во изборната ноќ планирал насилно да остане на власт. Тој негираше и дека се откажал од наводниот план по телефонски повици од странство. Вучиќ изјави дека во изборната ноќ првично пристигнувале резултати од помалите избирачки места, кои покажувале водство на неговата листа. …

Continue Reading

Вработена во скопско средно училиште пријавила дека била нападната од малолетник

Педесетгодишна жена пријавила во полиција дека била физички нападната од малолетник додека била на своето работно место во средно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје. „На 28.10.2026 во СВР Скопје, Б.Ш.(50) од Скопје, вработена во средно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, пријавила дека, додека била на своето работно место, била физички нападната малолетник. Се преземаат мерки за …

Continue Reading

МВР за пожарот во „Стив Наумов“: Студент го изгаснал запалениот бојлер, нема повредени

Студент со противпожарен апарат го изгаснал пожарот што вчера избувнал на бојлер во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје. Во инцидентот нема повредени лица, информира денеска Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, пожарот настанал вчера околу 12:30 часот, а бил пријавен во СВР Скопје во 13 часот. За проблемите во студентскиот дом вчера алармираа и од „Студентски отпор“, од …

Continue Reading

Ѓоковиќ: Со Федерер секогаш имав само професионален однос

Откако победи на првиот меч, на турнирот од серијата 500 во Базел, Новак Ѓоковиќ зборуваше за својата врска со најпознатиот жител на овој град, Роџер Федерер. „Нашиот однос никогаш не ги премина професионалните граници, истакна најдобриот тенисер на сите времиња. Секогаш чувствував голема почит кон него, бидејќи многу придонесе за спортот од кој е дел. Привлече многу млади луѓе кон …

Continue Reading

Кривична пријава за силување дете помало од 15 години, осомничениот вршел полови дејствија во период од осум месеци

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р. поради сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Пријавениот во периодот од февруари до октомври годинава вршел полови дејствија врз дете помало од 15 години, соопшти МВР.  

Continue Reading

Жител на Злетово измамил лице за 860.000 денари, го навел да испрати пари во четири држави

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Д. од селото Злетово, пробиштипско, поради сомнение дека измамил лице за 860.000 денари, наведувајќи го да изврши повеќе парични трансфери кон странство. Според информациите од МВР, во периодот од 20 август 2024 до 15 јануари 2026 година, пријавениот со лажно прикажување факти го довел оштетениот во заблуда, по што тој преку услуги за брз …

Continue Reading