Ѓорѓиевски на појадок со стопанствениците од „Борис Трајковски“: Договорот за експропријација го отвори патот за довршување на булеварот

На иницијатива на Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска се одржа заеднички појадок со стопанствениците долж булеварот „Борис Трајковски“. – Заедно покажавме дека со искрен разговор, меѓусебна почит и волја, се наоѓа решение. Претходно постигнавме договор за експропријација и овозможивме да се доврши булеварот кој цели 30 години беше синоним за застој, неизвесност и секојдневна голгота за граѓаните. Им …

Continue Reading

Мисајловски по повод свечената заклетва на 30. класа питомци на Воената академија: Бидете тим, почитувајте се меѓусебно и никогаш не заборавајте дека силата на Армијата не е само во способностите на поединецот, туку и во единството и довербата меѓу нејзините припадници

„Денеска е еден од оние денови кои што се паметат цел живот. Ден кога со гордост, пред сите нас, пред своите семејства и пред татковината, ја дадовте заклетвата со која презедовте една од најголемите одговорности со која што може да се носи еден млад човек а тоа е да и служи на својата татковина“, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски …

Continue Reading

Европскиот парламент изгласа тригодишно одложување на построгите правила за увоз на нафта и гас

Европскиот парламент изгласа тригодишно одложување на примената на правилата за емисии на метан при увоз на нафта и гас. Одлуката следува по притисокот од неколку влади, меѓу кои и оние на Франција и Соединетите Американски Држави, пренесува „Ројтерс“. Со предлогот, рокот за увозниците на сурова нафта, природен гас и јаглен се продолжува до 31 мај 2031 година. До тогаш тие …

Continue Reading

Кривична пријава против двајца вработени во Итната помош во Тетово, не испратиле екипа кај повредено лице

Кривична пријава е поднесена против двајца вработени во Итната медицинска помош во Тетово, осомничени дека не испратиле екипа за да му укаже медицинска помош на повредено лице во селото Доброште. Како што информираат од МВР, СВР Тетово поднело кривична пријава против И.В. (35) и И.М. (51) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „неукажување медицинска помош“. Според …

Continue Reading

Керик ќе добие отказ, на „Олд Трафорд“ го чекаат Нагелсман

По дебаклот на брегот на езерото Комо во Лигата на шампионите, сите аларми се вклучија во Манчестер Јунајтед. Славниот клуб е во серија од седум натпревари без победа, а тренерот Мајкл Карик се соочува со отказ. Од стартот на сезоната Јунајтед има само две победи, против Ипсвич во Премиер лигата и Сабах во Лигата на шампионите. Британски „Телеграф“, објавува дека …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Ценовен удар и мигранти ниту имало ниту ќе има

СДС и Венко Филипче нивниот неуспех, дебакл и дното до кое се стигнати, не можат да го покријат со ниту една прес-конференција во која шират паника, хистерија и страв кај граѓаните со измислени апокалиптични сценарија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Јована Тренчевска од СДСМ. „Првично прогнозираа темни сценарија, а веројатно и посакуваа, дека ќе банкротира државата, дека …

Continue Reading

Мерц: Црна Гора практично ги заврши преговорите за пристапување во ЕУ

Членството на Црна Гора во Европската унија е реално остварлива цел, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во своето воведно обраќање на самитот во рамките на Берлинскиот процес во Милочер. Тој истакна дека Црна Гора постигнала значителен напредок и речиси целосно ги завршила преговорите за пристапување. Мерц додаде дека реформите, политичката волја и регионалната соработка се клучни за понатамошниот напредок на …

Continue Reading

Хакерите можат да преземат веб-сервери без лозинка, издадено е итно предупредување

Две сериозни безбедносни ранливости во програмскиот јазик PHP – кој го користат бројни веб-сајтови и апликации – би можеле да им овозможат на хакерите да преземат контрола врз серверите, без потреба да се најавуваат во системот. Националниот CERT издаде предупредување за оваа опасност, апелирајќи до администраторите што поскоро да ги инсталираат безбедносните ажурирања. Поради овие откриени ранливости, веб-сајтовите на владините …

Continue Reading

(Видео) Џон Гудман, кој ослабе 90 килограми, зборуваше за борбата со килограмите: Се прејадував бидејќи тоа ми носеше утеха

Џон Гудман отворено проговори за долгиот пат што го помина за да ги промени своите животни навики и да изгуби повеќе од 90 килограми. Актерот, кој некогаш тежел речиси 181 килограм, вели дека неговата борба со алкохолот и односот кон храната со години биле поврзани. Денес, на 74-годишна возраст, тој е трезен уште од 2007 година и своето закрепнување го …

Continue Reading