Луис Енрике: Стапица е да мислиме дека сме најдобри

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, ја анализираше победата против Барселона и предупреди дека би било голема грешка да се мисли дека неговиот тим е најдобар. Тој нагласи дека натпреварот бил исклучително тежок и ја пофали играта на противникот, а особено ја нагласи добрата работа на неговиот тим во одземањето на топката на половината на противникот. „Јочекував ваков натпревар, тежок и …

Continue Reading

Објавена нова книга на Марина Мијаковска на српски јазик во Белград

Македонската поетеса Марина Мијаковска ја објави стихозбирката „Млечни прозори / Млечни прозорци“ во Србија. Стихозбирката содржи избор поезија од неколкуте впечатливи стихозбирки на Марина Мијаковска: „Номадска душа“; „Куфери“; „Психоаналитичка алхемија од страсти“; „Постела на тишината“; „Коскена“ и „Свилени времиња“. Книгата е објавена од книгоиздателство „Арте“ од Белград, а главен и одговорен уредник е Миодраг Јакшиќ. Стихозбирката „Млечни прозори / Млечни …

Continue Reading

НАТО упати досега најсериозно предупредување до Зеленски

Отворениот конфликт меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски почна директно да ја поткопува способноста на Украина да се брани од руската агресија, пренесува „Блумберг“. Откако долготрајните тензии минатата недела прераснаа во сериозна криза, Соединетите Американски Држави го ограничија пристапот до сателитската технологија „Старшилд“ на компанијата „Спејс Икс“ и ги запреа испораките на клучни ракети-пресретнувачи за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, …

Continue Reading

Ханси Флик: ПСЖ покажа дека е подобар од нас

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, не бараше изговори по поразот на неговиот тим од Пари Сен Жермен (4:2), во дербито од третото коло на Лигата на шампионите. Германскиот стручњак призна дека францускиот тим заслужено стигнал до победата, но истакна дека неговиот тим мора да извлече поуки од натпреварот на „Паркот на принцовите“. „Беше фантастичен натпревар од двата тима. ПСЖ покажа …

Continue Reading

Принцот Хари проговори за помирувањето со Вилијам и кралот Чарлс

Принцот Хари објасни зошто одлучил да се врати во Обединетото Кралство со својата сопруга, Меган Маркл, и нивните две деца. Во ново интервју, тој зборуваше за причините за напуштање на САД по шест години, како и за неговата желба да се помири со својот брат, принцот Вилијам, и татко му, кралот Чарлс. Хари и Меган се вратија во Обединетото Кралство …

Continue Reading

Објавен патописот „Крај бреговите на Охридското Езеро“ од Бранислав Нушиќ на македонски јазик

Во издание на „Матица македонска“ излезе патописот „Крај бреговите на Охридското Езеро“ од Бранислав Нушиќ. Книгата го враќа читателот во Охрид, Струга и езерските населби од пред повеќе од 130 години. Иван Антоновски го преведе делото непосредно од првото издание од 1894 година, а во македонската книга се вклучени и илустрациите од тоа издание. Издавачката куќа за книгата пишува: Авторот …

Continue Reading

(Фото) Пет модни трендови за постудените денови: Стилист на славните открива што ќе носиме – а што ќе исфрлиме од употреба

Стилистката на славните личности, Данијела Вивијана Ромеро, откри кои трендови за 2026 година вреди да се прифатат, а кои треба да останат во минатото. Со доаѓањето на постуденото време, многумина размислуваат за освежување на својот гардеробер – што го прави ова совршено време да дознаете кои модни трендови да ги следите оваа есен. Данијела Вивијана Ромеро препорачува удобни, но софистицирани …

Continue Reading

(Видео) Филаделфија го победи шампионот, Оклахома го растури Сан Антонио

Филаделфија и Оклахома со победи го заокружија првиот ден од новата сезона во НБА лигата. Филаделфија го победи актуелниот првак Њујорк во „Медисон Сквер Гарден“ со 106:110, додека Оклахома без поголеми проблеми им се реваншира на Сан Антонио за елиминацијата во финалето на Западот минатата сеозна (116:104). Натпреварот во Њујорк беше прв за Леброн Џејмс и Џејлен Браун во дресот …

Continue Reading

„Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна, 33% од работниците живеат во сиромаштија“, велат од СДСМ

„Минималната плата не ги покрива ниту основните месечни потреби за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство. Само за храна и пијалаци во октомври на граѓаните им биле потребни 26.170 денари. Од јануари трошокот за храна и пијалаци пораснал за речиси 2.000 денари“, велат од СДСМ. „Потрошувачката кошничка е над 70 илјади денари а со стан оди и над 90 …

Continue Reading