Декември со околу 60.000 туристи: најмногу пристигнале од Турција, Бугарија и Србија
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември минатата година, во Македонија престојувале 59.521 туристи, кои оствариле вкупно 112.001 ноќевање. Од вкупниот број туристи, 63,3 се странски, а 36,7 проценти домашни. Кај ноќевањата, странските туристи учествувале со 57,6, а домашните со 42,4 отсто. Во периодот јануари – декември 2025 година, вкупниот број на туристи е зголемен за 6,0% во …
Continue Reading
Хоџа: Регионалниот систем за отпад е реалност
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се обрати на настанот „Патеки за вештини и инклузија во секторот за цврст отпад“, организиран од канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Северна Македонија, кој се одржа во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје. Во своето обраќање, министерот Хоџа се осврна на системските политики во областа на управувањето …
Continue Reading
Тухел ќе ја предводи Англија до 2028 година
Тренерот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, ќе остане на клупата на националниот тим барем до крајот на Европското првенство во 2028 година. Тоа е епилогот од новата соработка што Фудбалската асоцијација на Англија ја договори со германскиот стручњак. По совршената квалификациска кампања за Светското првенство, самодовербата е на исклучително високо ниво. Поранешниот стратег на Челзи, Баерн Минхен и …
Continue Reading
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Бислимоски, поднесе оставка
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска поднесе оставка, дознава „Дојче веле“. Бислимоски утрово со писмо го информирал претседателот на Собранието дека се повлекува од фунцијата на која за првпат беше избран во јуни 2018 година. Бислимоски во оставката не ги наведува причините за повлекувањето. Како што наведува „Дојче веле“, одлуката не сака да ја коментира ни тој, …
Continue Reading
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година. „Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски. „Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да …
Continue Reading
Мицкоски за туризмот: Очекуваме пет милиони преноќувања до 2028, ако сè оди по планот
Премиерот Христијан Мицкоски очекува Македонија да ја достигне бројката од пет милиони туристички преноќувања до 2028 или 2029 година, доколку сè се одвива според планот. „Па ако биде сѐ како што треба, не би се изненадил тоа да биде 2028–2029“, изјави Мицкоски, коментирајќи ги очекувањата за растот на туризмот во земјава. Одговарајќи на новинарско прашање за движењата во туризмот, економскиот …
Continue Reading
Мерц: Германците не работат доволно и земаат многу боледување, мора да го смениме тоа
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, влезе во ризичен политички судир со работна сила од околу 46 милиони луѓе, пишува „Политико“. Неговата порака, накратко, е: престанете да бидете мрзливи. Во последните недели, Мерц тврдеше дека Германците не работат доволно и земаат премногу боледување, што го забавува економскиот раст. Ваквата порака не е најмудриот политички потег во клучна година на регионални избори, дури …
Continue Reading
Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики на Државниот архив за 2024 година. Врз основа на извршената ревизија, Заводот изрази неповолно мислење и за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со релевантните прописи. Во 2016 година, Архивот добил исто така неповолно мислење за …
Continue Reading
(Видео) Украинците нападнаа руска рафинерија на 2.000 километри од границата, се шират снимки
Украински дронови предизвикаа пожар во рафинерија за нафта во северозападна Русија, на околу 2.000 километри од украинската граница. Ројтерс објави дека утрово избувнал пожар во рафинерија за нафта во сопственост на руската компанија Лукоил во близина на градот Ухта во руската република Коми, изјави шефот на регионот, Ростислав Голдштејн. Никој не е повреден, а службите за итни случаи работат на …
Continue Reading