Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во продолжение на процесот започнат за спојување на ВЛЕН во еден субјект, објави на социјалните мрежи лидерот на движењето Беса, Билал Касами.   „Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на ВЛЕН и ја донесе оваа …

Continue Reading

ЕУ им препорача на авиокомпаниите да го избегнуваат воздушниот простор на Иран

Европската агенција за безбедност на воздухопловството (EASA) денес им препорача на авиокомпаниите од Европската Унија (ЕУ) да го избегнуваат воздушниот простор на Иран до 31 март, продолжувајќи го претходното предупредување поради, како што рече, зголемен безбедносен ризик за цивилните летови. „Присуството и можната употреба на широк спектар на оружје и системи за воздушна одбрана, во комбинација со непредвидливите реакции на …

Continue Reading

Капета: Милијарди евра погрешно платени на Унгарија

Водечката советничка на највисокиот суд на Европската Унија оцени дека одлуката на Европската комисија за деблокирање на милијарди евра средства за Унгарија, кои претходно беа замрзнати поради загриженост за корупција и владеење на правото, треба да се поништи. Тамара Капета, генерален адвокат на Судот на правдата на Европската Унија, изјави дека Комисијата не требало да го одобри плаќањето бидејќи Унгарија …

Continue Reading

Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан

Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција. Во рамки на конференцијата, Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи …

Continue Reading

Растот на платите во Еврозоната се забавува: „Ќе биде помал од 3 проценти“

Европската централна банка (ЕЦБ) денес објави дека растот на договорните плати во Еврозоната во 2026 година ќе остане умерен и ќе изнесува помалку од три проценти до крајот на 2026 година, што укажува на нормализација на притисокот врз заработката. Според ЕЦБ, договорните плати, вклучувајќи ги и еднократните плаќања (како што се бонуси или надоместоци поради инфлација), се зголемиле за 3,2 …

Continue Reading

Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче. Венко Филипче …

Continue Reading

Шојгу: НАТО создава отскочна даска за воена агресија по должината на руската и белоруската граница

НАТО создава отскочна даска за воена агресија по должината на руската и белоруската граница, изјави денес секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу. Тој во интервју за руските медиуми изјави дека клучните инструменти за обезбедување стратешка стабилност се уништени и дека тоа не е вина на Русија. „Ова е резултат на намерни и систематски дејствија на западните земји“, …

Continue Reading

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата на недвижен имот во сопственост на Европската Унија, пренесуваат светските медиуми. Акцијата е спроведена наутро, а опфатила неколку објекти на Комисијата, вклучувајќи го и одделот задолжен за буџетот, објавува Фајненшл тајмс (FT). Истрагата, според написите, се однесува на продажба на …

Continue Reading

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги …

Continue Reading