Новата учебна година во Скопје со современи услови за учениците, се пофали Ѓорѓиевски

Новата учебна година во средните училишта во Скопје започнува со подобрени и современи услови за учениците, информираат од Град Скопје. Во текот на летниот период, како што е соопштено биле реализирани низа инвестиции во образовната инфраструктура, со цел создавање поквалитетна и инспиративна средина за учење. „Обновени и опремени се кабинети по математика и физика, лаборатории по хемија и биологија, а …

Continue Reading

Астон Вила го официјализира трансферот на Мбаје

Астон Вила продолжи со големите инвестиции ова лето и официјално го доведе 18-годишниот сенегалски репрезентативец Ибрахим Мбаје од ПСЖ за 55 милиони евра. Минатата сезона, младиот крилен напаѓач одигра 31 натпревар за францускиот гигант во сите натпреварувања, постигна три гола и запиша две асистенции, додека ПСЖ ги одбрани титулите во Лига 1 и Лигата на шампионите. Мбаје привлече внимание и …

Continue Reading

Узурпирал плажа во Охрид заштитена од УНЕСКО и ангажирал работници да изградат мост

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Б.(47) од охридското село Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој неовластено заземал катастарска парцела во државна сопственост, односно плажа на Охридското езеро под посебна заштита од државата и УНЕСКО и неовластено ангажирал работници со цел да се изгради импровизиран мост до соседната плажа.

Continue Reading

Загина возач во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Едно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајна несреќа на патот Кичево – Македонски Брод. Според информациите на МВР, вчера во 20:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда“ управувано од Д.С.(75) од Кичево и патничко возило „хјундаи“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, …

Continue Reading

Тошковски: Конечно после 30 години, имаме нова генерација во Средното полициско училиште

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посети Полициската академија, каде што официјално започна наставата за 310 ученици од првата генерација на обновеното Средно полициско училиште „7 Мај“. Со почетокот на новата учебна година, по три децении од последниот упис, Македонија повторно добива генерација ученици кои своето средно образование ќе го завршат со стекната професија полициски службеник. Во рамки …

Continue Reading

Филипче: Владата на Мицкоски усвоила потреба за ново задолжување од 1,3 милијарди евра

Владата на вчерашната седница, според информациите на СДСМ, усвоила потреба за ново задолжување на државата во износ од 1,3 милијарди евра, соопшти претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција. „Според нашите информации, на вчерашната седница на Влада е усвоена потреба за ново задолжување на земјата. И тоа, замислете, сумата е од 1,3 милијарда евра. Значи Владата повторно ја …

Continue Reading

ВЛЕН: Булеварот „Хасан Приштина“ не е откажан и ќе се гради

Откако замина во опозиција, на ДУИ ѝ се отворија очите. Дури сега ги гледа работите што самата ги остави недовршени. Како и многу други работи што ги оставија половично, така и булеварот „Хасан Приштина“ има цела хронологија на утки, изјави Астрит Илјази од ВЛЕН и додаде дека булеварот не е откажан и дека ќе се гради. „Бидејќи излегоа пред јавноста и …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

Македонија денеска ја започнува новата учебна година со поразителни бројки – 3.000 помалку првачиња, 433 паралелки помалку и 26 затворени училишта, најтажен почеток на школска година во државата, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Денеска почнува новата школска година и би рекол дека потажен почеток на школската година досега оваа држава немала. Имено, 3.000 помалку деца запишани во прво одделение, …

Continue Reading

„Црно злато“-нова претстава на МНТ со потписот на Слободан Унковски и Дејан Дуковски

На 1 септември во Македонскиот народен театар започнаа пробите за новата претстава „Црно злато“, по текст на култниот македонски драматург Дејан Дуковски, а во режија на еден од најзначајните македонски режисери, Слободан Унковски. По долгогодишна и исклучително значајна творечка кариера, Унковски повторно се враќа на големата сцена на МНТ. Неговата последна режија на оваа сцена беше претставата „Сите сме птици“, …

Continue Reading