Воена вежба на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро, надлежните апелираат на внимателност до месното население
СВР Охрид известува дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда, воена вежба ќе реализираат припадниците на македонската и белгиската армија. „При извршување на вежбовните активности, ќе биде употребена маневарска муниција поради што, апелираме до месното население на адаптирање на своите обврски и внимателност при …
Continue Reading
Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати
„Гледаме како се луксузирал премиерот, како го користел владиниот авион да оди на одмор без никаков срам. Треба да одговори на прашањето кој бил со него во авионот? Треба да одговори на прашањето зошто најавуваат купување на нов владин авион, за повторно да го користи во приватни цели за приватни патувања?“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на попладневната средба …
Continue Reading
Вучиќ за сојузот на Тирана, Загреб и Приштина: Целта е да нè окупираат
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека во наредните месеци нема да има мир во Украина, ниту потпишан договор. Тој исто така предупреди дека се прават сојузи против Србија за еден ден да ја нападнат. За време на церемонијата по повод Денот на српската државност и доделувањето на одликувања, тој истакна дека, кога станува збор за војната во Украина, таа …
Continue Reading
СДСМ до Брнабиќ: СНС не е српскиот народ, ниту Александар Вучиќ е Србија
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, остро ги отфрла срамните и лажни обвинувања на Ана Брнабиќ на сметка на нашата реакција на изјавите на претседателот на Србија, истакнуваат од оваа партија. „Наместо нам да ни држи лекции за „срам“, госпоѓа Брнабиќ најпрво нека се сослуша себеси, а потоа и изјавата на нејзиниот претседател. Таа и Александар Вучиќ се навикнати да ги извртуваат …
Continue Reading
40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски
Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата попладне. „Син ми почина“, напиша мајката Роза во еден од коментарите на Фејсбук. 40-годишниот прилепчанец Виктор Илиоски, кого семејството го пријави дека исчезнал, попладнево е пронајден починат во кругот на болницата во Прилеп, соопшти МВР. „Денеска (16.02.2026) во 16:00 часот …
Continue Reading
Ѓорѓиевски: Од пролет започнуваме со реализација на клучните капитални проекти за поголемо достоинство на сите скопјани
Градежните активности се одвиваат во полн ек, речиси насекаде низ градот, како јасен доказ дека дадениот збор, станува дело, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. „Со силна динамика и јасна визија, продолжуваме да ја модернизираме инфраструктурата и да создаваме услови достојни за граѓаните. Во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата „Фрањо Клуз“, една од најважните сообраќајни …
Continue Reading
ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата: Ќе донесеме и одлука за генерален штрајк, видовме дека на маса не нè слушаат
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре во 11 часот со 21 работник ќе ги блокира влезовите во Владата оти се игнорираат нивните барања минималната плата да се зголеми на 600 евра и сите останати за 100 евра, а најави и одлука за генерален штрајк и во јавниот и во приватниот сектор. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и денес објасни …
Continue Reading
Финскиот министер за одбрана: Русија ги зајакнува своите воени капацитети на Арктикот
Русија го интензивира своето воено присуство на Арктикот и гради нови воени објекти по границата со Финска, изјави финскиот министер за одбрана Анти Хаканен. Тој истакна дека безбедноста на тој регион е од клучно значење за стабилноста на Европа и дека европското нуклеарно одвраќање не може да го замени НАТО. Во интервју за „Јуроњуз“ на маргините на Минхенската безбедносна конференција, …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова со раководството на Факултетот за музичка уметност: потенцирана важноста на едукативната и педагошката работа
По повод големиот јубилеј 60 години постоење и дејност на Факултетот за музичка уметност, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими деканката проф. м-р Дарија Андовска, продеканката за настава и наука, проф. д-р Соња Здравкова-Џепаровска и продеканката за концертна дејност, вонр. проф. м-р Марија Вршкова. За деканката Андовска успехот на факултетот е резултат на големото музичко знаење, љубов, креативност, труд и посветеност …
Continue Reading