Сиљановска-Давкова го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на земјава. Претседателите одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и на албанската делегација. Во фокусот на разговорите беа севкупните билатерални односи, кои се традиционално пријателски и партнерски, како и можностите за нивно понатамошно …

Continue Reading

Македонија апсолутен фаворит против Луксембург

Вечерва (18.00 часот), во салата во „Градски парк“ во Скопје, нашите најдобри кошаркари бараат и трета победа по ред во „А“ групата од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година, два бода со кои ќе бидеме многу поблиску до целта – премин во следниот натпреварувачки круг. По многу годин, поточно од 9.септември, 2006 година, Македонија ќе биде во улога на …

Continue Reading

Тбилиси одговори на Киев: Зеленски да го намали тонот кон Грузија

Претседателот на грузискиот парламент, Шалва Папуашвили, го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да го „намали тонот“ во изјавите поврзани со Тбилиси, велејќи дека грузиските власти нема да прифатат забелешки што доаѓаат од Киев. Папуашвили истакна дека критиките што украинското раководство ги упатува кон западноевропските земји се разбирливи, но дека таков став не смее да се пренесе на грузискиот народ. Тој, …

Continue Reading

Шведската војска пресретна сомнителен руски дрон во близина на Малме

Шведската војска пресретна сомнителен руски дрон кој летал над морето јужно од земјата, додека францускиот носач на авиони бил закотвен во пристаништето Малме. Службениците потврдија дека инцидентот се случил во теснецот Ересунд, кој ги дели Шведска и Данска, објави Асошиејтед Прес. Вооружените сили вчера соопштија дека шведски воен брод забележал сомнителен дрон за време на патрола. Тие рекоа дека се …

Continue Reading

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава заради сторено кривично дело „криумчарење“. „Осомничениот е застанат за контрола од страна на мобилен царински тим, во внатрешноста на државата, веднаш по влезот во државата преку граничен премин Табановце, при што се пронајдени …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот

СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот, вистакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Ниту едно пратеничко прашање од страна на СДС кон членовите на Владата за Артан Груби. А толку беа гласни изминативе три дена со измислување на 10-тина тези, за кои народот секако не им поверува. Но …

Continue Reading

Имаме чувство дека српски служби пробуваат да го ослабнат СДСМ, велат од оваа партија

Имаме чувство дека странски служби работат за различни цели, велат од СДСМ. „Излезе информација дека странски служби дале информација за Груби дека е во опасност. Беше 14 месеци, како што вели ВМРО (изгледа имале информации, а никој не го барал), на Косово и во Албанија – без никаква опасност. А сега е во опасност во затворот Шутка, покрај сите мерки …

Continue Reading

Сали-Брунер: посебно внимание на имплементацијата на системот за влез и излез на ЕУ и неговото влијание врз професионалните возачи од регионот

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со европскиот комесар за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер, при што беа разгледани клучните прашања поврзани со процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија, управувањето со миграцијата, граничната безбедност и борбата против организираниот криминал. На средбата беше потврдена цврстата определба на Владата …

Continue Reading

Поранешниот грчки министер Варуфакис обвинет откако во подкаст призна дека пробал екстази во 1989 година

Поранешниот грчки министер Јанис Варуфакис, самопрогласен „недоследен“ марксист, е обвинет за поттикнување злоупотреба на дрога откако јавно призна дека земал апче екстази пред речиси четири децении, соопшти неговата партија. Професорот по економија, кој ги налути колегите од еврозоната со тоа што постојано ги отфрлаше условите од пакетот за спасување во замена за реформи за време на должничката криза на земјата …

Continue Reading