Утре, сабота, 30 мај, Општина Кисела Вода и Здружението за унапредување на културно-забавниот живот, екологија и чиста околина „ПОСВЕТЕН ВИКЕНД“ го организираат првиот „Family Day – Football Edition“. Подгответе се за 12 часа забава, спорт и музика во паркот „Шопен“.
Програмата започнува точно напладне, во 12:00 часот, со музичка програма и DJ сетови. Додека трае дневното дружење, најмладите ќе можат да се забавуваат во специјално подготвената детска зона со низа активности, а низ паркот ќе бидат поставени промотивни штандови за пијалоци и освежување.
Од 18:00 часот, на голем ТВ екран ќе се следи финалето од Лигата на шампионите.