Алиу: Со новата опрема на ФЕИТ се унапредува заштитата на медицински лица од јонизирачко зрачење
Министерот за здравтво, Азир Алиу, денеска ја посети лабораторијата за радијациска физика при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при УКИМ. Станува збор за акредитирана лабораторија, согласно пропишаниот стандард за квалитет и која покрај акредитацијата за детекција на храна и материјали третирани со јонизирачко зрачење, има акредитација и за персонален дозиметриски мониторинг на лица професионално изложени на јонизирачко зрачење. …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски успеа само да биде измеќар на двоецот Заев – Филипче
Тоа што еден предавник и корумпиран политичар може како зло да го нанесе на својата држава, не можат потоа 1000 чесни, добронамерни и паметни да го исправат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес- конференцијата на Андреј Жерновски. „Што се однесува до Жерновски и неговите површни напади, кој е 30 години во политиката и по ништо квалитетно и добро не го памти …
Continue Reading
Трамп: Нема да има договор со Иран освен безусловно предавање
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес на својата социјална мрежа Truth Social објави изјава за Иран, велејќи дека нема да има договор со земјата и барајќи нејзино „безусловно предавање“. Во својата објава, тој исто така изложи визија за иднината на Иран откако ќе се исполни тој услов, ветувајќи економски просперитет со помош на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници. „Нема …
Continue Reading
Николоски: Силниот раст на градежништвото дава силен сигнал за стопанството, сигурност и поттик за идни инвестиции
Силниот раст на градежништвото од 14,6 % во четвртиот квартал и 21 % раст во третиот квартал од 2025 година даваат силен сигнал за стопанството, сигурност и поттик за идни инвестиции што ќе донесат ситуација во која БДП уште ќе расте, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел дискусијата “Раст на економијата- економска сигурност на граѓаните”. Тој …
Continue Reading
Полицаец земал поткуп за да не го собере возилото со „Пајак“
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.С. за сторено кривично дело „примање поткуп“. Пријавениот, во својство на полициски службеник од Полициската …
Continue Reading
Кумановец починал во декември, неговата сестра се сомнева дека е отруен
Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, Д.Е.(50) од с,Довезенце, кумановско, пријавила дека една од нејзините сестри на 31.12.2025 околу 22:00 часот ја известила дека починал нивниот брат М.П.(60) во домот во село Довезенце, во кој живеел со неговиот татко и партнерката А.Р од с.Младо Нагоричане, општина Старо нагоричане. После тоа, тие со уште една нивна сестра и зет отишле во …
Continue Reading
Повеќе пати силувал 14-годишник: осомничен маж од Естонија кој престојувал во Кисела Вода
СВР Скопје-Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти поднесе кривична пријава против Т.Т.(56) од Естонија. Тој се сомничи за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Во различен период во повеќе наврати, тој извршил полови дејствија врз 14-годишен малолетник. Извршен бил претрес во домот каде престојувал на подрачјето на Кисела Вода, при што биле …
Continue Reading
Божиновска: Жените во енергетиката не се исклучок
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денес го отвори настанот „Женски лидерски дијалог во енергетиката“, посветен на улогата на жените во енергетскиот сектор и нивното поголемо вклучување во развојот на обновливите извори на енергија и енергетските заедници. Во своето обраќање, Божиновска истакна дека енергетската транзиција е процес кој директно ги засега луѓето, заедниците и економскиот развој, а …
Continue Reading
Забраната за управување со моторно возило повеќе нема да се впишува во возачката дозвола: соопшти МВР
Министерство за внатрешни работи информира за законските измени во делот на управната постапка која се однесува на возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната санкција „Забрана за управување со моторно возило“, определена со правосилни судски пресуди. Согласно новите законски одредби, извршувањето на забраната повеќе не се врши со физичко впишување во возачката дозвола. Со ова се укинува потребата граѓаните …
Continue Reading