Пентагон објави нови досиеја за НЛО: црн триаголник, мистериозни радарски сигнали и чудни суштества во Јута

Пентагон објави седма серија декласифицирани документи за неидентификувани аномални појави, познати како НЛО. Меѓу 28-те нови документи има извештаи за црн триаголен објект над чувствителна локација во САД, необичен радарски контакт на бомбардер Б-52, стари набљудувања во близина на Калифорнија и необични истражувања на ранч во Јута. Белата куќа ја најави новата објава со пораката „NEW UFO DROP“, но Пентагон …

Continue Reading

(Видео) Автогол каков што не сте виделе – Челзи на колена пред Тотенхем

Градското дерби, во осмото коло на „Стенфорд Бриџ“, меѓу Челзи и Тотенхем заврши со триумф на гостите 0:2. Челзи го запиша третиот пораз во сезоната, додека Тотенхем по лошиот старт, беа без победа во првите шест рунди, ја забележа и втората победа. Долго време се чинеше дека нема да има поголеми возбудувања, како и дека најверојатно ќе остане резултатот 0:0. …

Continue Reading

Тешко повреден демонстрант во Тулуз, му биле откинати неколку прсти при експлозија

Еден демонстрант се здобил со тешка повреда на десната рака за време на судирите со полицијата на крајот од денешните протести во францускиот град Тулуз, потврдија регионалните власти за АФП. Инцидентот се случил додека демонстрантите се разотстранувале од населбата Ле Арен, западно од центарот на градот. Новинарите на АФП забележале како пожарникари го евакуираат повредениот. Од префектурата на департманот Горна …

Continue Reading

(Видео) Наполи водеше три пати и не успеа да ја победи Рома

Фудбалерите на Наполи и Рома одиграа нерешено 3:3 во возбудливото дерби од осмото коло на Серија А. Домашниот тим испушти предност од два гола, а потоа повторно поведе, но Леонардо Балерди ја спаси серијата без пораз на Римјаните. Наполи поведе во 28-та минута преку Андреа Франко Замбо Ангиса, а водството го дуплираше Скот МекТомини на почетокот на второто полувреме. Шкотскиот …

Continue Reading

(Видео) Немири во Париз по протестите, маскирани лица кршеа излози на автосалон

Немири избувнаа во Париз на крајот од денешните протести, кога групи маскирани млади лица почнаа да кршат излози на автосалони на авенијата Кур де Венсен, јавува Би-Би-Си. Интервентната полиција со палки се обидувала да ги растера групите, а на улиците биле употребени и водени топови и солзавец, поради што воздухот бил исполнет со густ чад. Протестите претходно минувале мирно, а …

Continue Reading

Американските разузнавачи предупредуваат за планови на Иран за напади врз американски дипломати

Американските разузнавачки служби проценуваат дека Иран значително ги интензивирал подготовките за напади врз американски дипломати и функционери на Блискиот Исток, но и надвор од регионот. Според меморандум испратен до американскиот државен секретар Марко Рубио, плановите за смртоносни напади се во „напредна фаза“, објави „Аксиос“. Поради зголемените безбедносни ризици, Стејт департментот ја намалува бројноста на персоналот во неколку американски дипломатски претставништва …

Continue Reading

(Фото) Есен во Скопје

Скопје во есенско руво, со пејзажи обоени во жолти, портокалови и црвени нијанси, е во фокусот на објавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи. Преку фотографии од централното градско подрачје, плоштадот и Градскиот парк, Ѓорѓиевски ја долови есенската атмосфера во главниот град. „Во боите на есента, Скопје блеска со сета своја убавина!“, напиша Ѓорѓиевски. Есенските пејзажи му даваат поинаков …

Continue Reading

(Видео) Украински дронови погодија петрохемиска фабрика во Омск, избувна голем пожар

Украински дронови во саботата нападнале петрохемиска фабрика во рускиот град Омск, предизвикувајќи голем пожар во индустрискиот комплекс, објави „Украинска правда“. Постројката се наоѓа на околу 2.500 километри од украинската граница. Снимка од нападот објави украинската ОСИНТ-заедница „Ексиленова плус“, а инцидентот го потврдил и гувернерот на Омската област, Виталиј Хоценко. Според првичните информации на воените аналитичари, погодени биле делови во близина …

Continue Reading

(Видео) Сoлзавец и водени топови на протестите во Франција, шестмина уапсени во Нант

Протестите во Франција се проширија во повеќе градови, каде полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите. Во Нант се уапсени шест лица по пријави за вандализам и грабежи, додека во Бордо дел од демонстрантите фрлале предмети кон полицајците и поставувале барикади. Префектурата на регионот Пај де ла Лоар и департманот Лоар-Атлантик претходно силно им препорача на …

Continue Reading