„Внимавајте да не бидете елиминирани“: Иран со закана до САД

Шефот на Советот за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, упати прикриена закана до американскиот претседател Доналд Трамп, како што објавија медиумите, предупредувајќи го да биде внимателен „да не биде елиминиран“ и велејќи дека Иран не се плаши од неговите „празни закани“. „Иран не се плаши од вашите празни закани. Дури и оние поголеми од вас не би можеле да …

Continue Reading

Последна понуда од Јувентус за Влаховиќ – Помала плата и краткорочен договор

Сагата околу Душан Влаховиќ се ближи кон крајот. Напаѓачот за неколку месеци ќе биде слободен играч, што значи дека без обесштетување ќе го напушти клубот. Челниците на Јувентус, не ја кријат желбата тој да остане, но под нивни услови. Клубот му понуди на Влаховиќ краткорочен договор, но за речиси 40 отсто помала годишна плата. Според пишувањата на италијанскиот фудбалски инсајдер …

Continue Reading

Премиера на претставата „Мачкина глава“ во Драмски театар

Во Драмски театар денеска се одржа првата проба на претставата „Мачкина глава“ во режија на Дејан Пројковски. „Мачкина глава“ е драмски текст на проф. д-р Венко Андоновски, македонскиот романсиер, драмски писател, филмски сценарист, книжевен критичар, теоретичар на литературата и културата. Тој е автор на 35 книги од најразлични жанрови, а неговите драмски текстови по кои се работени претстави се играат …

Continue Reading

Општина Центар започна со пролетна дератизација, се третираат 2.000 шахти против глодари

Општина Центар ја започна редовната пролетна дератизација на целата територија, како дел од мерките за одржување на високо ниво на јавна хигиена и заштита на здравјето на жителите. Во рамки на акцијата, што ја спроведуваат стручни екипи, се третираат околу 2.000 шахти, каде што се поставуваат специјални мамци за контрола и уништување на глодари. Дератизацијата се спроведува два пати годишно, …

Continue Reading

Лапорта откри од кого одбил 250.000.000 евра за Јамал

Во Барселона е во тек кампања пред изборите за претседател на клубот, а сегашниот лидер Џоан Лапорта сака нов мандат. Против кандидат муе Виктор Фонт. Како дел од неговата капмапњата, Лапорта откри дека пред речиси две години одбил огромна понуда за најдобриот играч на тимот, Ламин Јамал. Лапорта истакна дека во летото 2024 година, откако Џамал блесна во дерсот на …

Continue Reading

Трамп за војната во Иран: „Мислев дека ќе нè нападнат“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се обиде да објасни зошто САД, заедно со Израел, започнаа војна против Иран, велејќи дека верува оти Техеран се подготвува да ги нападне САД. „Ситуацијата многу брзо се приближуваше кон точката од која нема враќање. Врз основа на она што ми го кажуваа Стив, Џаред, Пит и другите, Марко беше исто така многу вклучен, мислев …

Continue Reading

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, барал да има полови односи со ученичка

Полицијата уапси професор во средно училиште во Скопје кој, според пријавата, барал од 18-годишна ученичка да имаат полови односи. Според информациите на МВР, вчера во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна …

Continue Reading

Австрија доби две големи засилувања за Мундијалот

Фудбалската репрезентација на Австрија доби дозвола од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за поранешните младински репрезентативци на Англија и Германија да играат во тимот за претстојното Светско првенство. Станува збор за крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Карни Чуквуемека (22) и играчот од средниот ред на ПСВ, Пол Ванер (20), двајцата родени во Австрија. Австрија, предводена од тренерот Ралф Рангник, е во …

Continue Reading

Евакуирани уште 150 патници со лет од Дубаи, меѓу нив има и странски државјани

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека со денешниот лет од Дубаи се евакуирани вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 7 државјани на Србија, 11 државјани на Косово, 2 државјани на Босна и Херцеговина, 2 државјани на Албанија, 1 државјанин на Германија, 1 државјанин на Ерменија и 1 државјанин на Црна Гора. Во моментов во Обединетите …

Continue Reading