Министерката за образование и наука Весна Јаневска оцени дека годинашната државна матура поминала во најдобар ред, со значително намален број случаи на препишување во споредба со претходните години.
Според неа, организацијата на испитите била на високо ниво, а најголемиот дел од полагањата се одвивале во големи простори, што ја намалило можноста за нелегални дејствија.
Таа информираше дека од двата испитни термина биле отстранети околу 60 ученици кои биле фатени при препишување и веднаш биле исклучени од полагањето.
Јаневска додаде дека овие ученици ќе имаат можност повторно да полагаат во следниот испитен рок, кој ќе се одржи во август.