Хаотичен пат кон мирот: како Трамп инсистираше на итно потпишување на договорот со Иран среде ноќ во Версај
Американскиот претседател Доналд Трамп ги изненади сите присутни — од неговиот домаќин, францускиот претседател Емануел Макрон, па сè до сопствените советници — кога во средата, непосредно пред вечерата во палатата Версај, неочекувано побара договорот со Иран да се потпише „тука и сега“, пренесува Си-Ен-Ен. Иако официјалната церемонија за потпишување беше закажана за два дена подоцна во ексклузивно планинско одморалиште над …
Continue Reading
Тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Свети Николе: повредени десет лица
Десет лица се повредени, од кои две се здобиле со тешки телесни повреди, во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во ОВР Свети Николе во 20:55 часот. Во неа учествувале патничко комбе „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот М.Т. од Свети …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски во понеделник на нова средба со претставници на маркетите, најави десеткратно зголемување на казните за нефер практики
Премиерот Христијан Мицкоски најави десеткратно зголемување на казните за маркетите кои применуваат нефер трговски практики, како и нов состанок со претставниците на маркетите и дистрибутерите на почетокот на следната недела. Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот упати отворен повик до компаниите, дистрибутерите, добавувачите и производителите да ги пријавуваат сите манипулации на пазарот за државата да може соодветно да интервенира. „На почетокот …
Continue Reading
(Фото+видео) „Летечка Бела куќа“: Трамп го претстави авионот што му го подари Катар
Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави новиот авион „Боинг 747-8“ кој во иднина ќе служи како „Ер Форс Ван“. Станува збор за луксузно летало кое катарската влада минатата година им го донираше на Соединетите Американски Држави како „безусловен“ подарок. Американската војска ги заврши темелните преинсталации на авионот, чија вредност се проценува на околу 400 милиони долари. „Овој авион е претворен …
Continue Reading
Боливија прогласи вонредна состојба по речиси 50 дена протести, најмалку 14 загинати
Претседателот на Боливија, Родриго Паз, прогласи вонредна состојба во земјата по речиси 50 дена антивладини протести и блокади на патишта кои предизвикаа сериозни нарушувања во снабдувањето со гориво, храна и лекови. Одлуката му овозможува на државниот врв пошироки овластувања за воспоставување ред, вклучително и ангажирање на армијата за отстранување на блокадите на сообраќајниците. Договор со синдикатите, но протестите продолжуваат Паз …
Continue Reading
Австрија воведе нови сообраќајни правила: казни до 2.180 евра за недозволен влез во градски зони
Возачите кои ова лето ќе патуваат низ Австрија треба да обрнат посебно внимание на новите сообраќајни правила, бидејќи прекршувањата можат да резултираат со високи парични казни. Камери ќе го контролираат пристапот во одредени зони Австриските власти воведоа систем за автоматска контрола на возилата кои влегуваат во одредени градски зони. Надзорот ќе се врши преку камери што ги регистрираат табличките на …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски најави пад на цените на горивата од понеделник – дизелот поевтин за 7, а бензинот за 4 денари
Премиерот Христијан Мицкоски очекува сериозно поевтинување на нафтените деривати во земјава веќе од следната недела. Според неговите проценки, во понеделник, кога Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) треба да ја донесе новата одлука, бензините би требало да поевтинат за околу 4 денари, додека цената на дизелот се очекува да падне за околу 7 денари по литар. „Ние правевме наши калкулации, малку …
Continue Reading
Поради проблеми со срцето опериран Фернандо Гаго
Поранешниот аргентински фудбалер и сегашен тренер на чилеанскиот клуб Универсидад де Чиле, Фернандо Гаго, беше итно опериран во Сантијаго де Чиле, поради кардиоваскуларни проблеми. Тоа се случи по победата на неговиот тим против О’Хигинс. Клубот соопшти дека Гаго е во добра состојба. „Ја информираме јавноста дека нашиот тренер Фернандо Гаго помина низ серија кардиоваскуларни тестови и нема да го води …
Continue Reading
(Видео) Владината реконструкција пред пратениците до 1 јули
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека процесот на реконструкција на Владата ќе биде формализиран до крајот на месецов и очекува до 1 јули предлог-списокот да се најде пред пратениците во Собранието. Мицкоски рече дека разговорите со коалициските партнери се во тек и дека засега не може да открива детали за кадровските решенија. „Во интерес на процесот не би зборувал премногу …
Continue Reading