(Видео) Крмов: Коалицијата повторно проработи, ДУИ и ДПМНЕ го прошверцуваа Изборниот законик во собраниска процедура
Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, на денешната пленарна седница реагираше на начинот на кој се носи Изборен законик, обвинувајќи дека јавноста е доведена во заблуда со тврдењата дека за текстот бил постигнат широк политички консензус. Крмов истакна дека седницата е свикана спротивно на Деловникот на Собранието, кој предвидува пратениците да ги добијат материјалите најмалку десет работни дена …
Continue Reading
Стармер до Руте: НАТО е најуспешниот воен сојуз што светот некогаш го познавал
Британскиот премиер Кир Стармер ја повтори посветеноста на Велика Британија кон своите европски сојузници во НАТО во контекст на спорот околу британските трошоци за одбрана, објави денес ДПА. Стармер денес се сретна со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во неговата резиденција на Даунинг стрит, на кого му ги нагласи напорите на Велика Британија во рамките на алијансата, која ја …
Continue Reading
Расте бројот на загинати при пукање во Германија
Полицијата и службите за итни случаи спроведуваат голема операција во Штаде, град на околу педесет километри од Хамбург. Два хеликоптери кружат над центарот на градот. Во пукање во Штаде, Долна Саксонија, Германија, загинаа најмалку пет лица. Две лица беа уапсени во Мерцедес-АМГ ГЛЕ 43 откако полицијата пукаше во гумите и ја погоди задната десна гума. Очевидец изјави за „Фокус Онлајн“ …
Continue Reading
Медиуми: НАТО го намалува фондот за воена помош за Украина
НАТО го преиспитува обемот на финансиска помош за Украина поради ставот на Соединетите Американски Држави, јавуваат медиумите. Како што се истакнува, на претстојниот самит на Алијансата во Анкара, кој ќе се одржи на 7 и 8 јули, новите средства за воена помош за Киев би можеле да изнесуваат од 10 до 12 милијарди долари, наместо претходно планираните 40 милијарди долари. …
Continue Reading
Русија би можела да го нападне НАТО една година по војната во Украина, оценува Холандското Министерство за одбрана
Холандското Министерство за одбрана верува дека Русија би можела да започне „ограничена“ воена кампања против земја-членка на НАТО едвај една година по конечното завршување на војната во Украина, објавија француските медиуми. Во својот годишен извештај за одбранбена стратегија, објавен денес, министерството наведе дека Европа е во „сива зона“ помеѓу војната и мирот. „Холандските разузнавачки служби веруваат дека Русија се подготвува …
Continue Reading
Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ, велат од СДСМ
Антонио Милошоски денес панично го обвинува СДСМ, сакајќи да создаде алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ, чиј рок веќе истече, реагираат од СДСМ откако Милошоски на прес-конференција кажа дека Филипче уште сега создава алиби за како што рече, дебаклот што ќе го доживее на следните избори. „Милошевски кој денес го обвинува претседателот на СДСМ, не би можел воопшто …
Continue Reading
Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги, вели Андоновски од Виена
Министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена. Андоновски денеска учествуваше на панел-дискусијата „Проширувањето на Европската Унија: Од посветеност до подготвеност на земјите кандидати“. Во своето обраќање ја поздрави стратешката определба на Европската народна партија за продолжување на политиката на …
Continue Reading
Нов земјотрес го погоди Каракас
Нов земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала го погоди денес Каракас, додека спасувачките екипи четврти ден ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани по двата разорни земјотреси во кои загинаа 1.500 луѓе, објавува Ројтерс. Спасувачките екипи се особено фокусирани на Ла Гуера, подрачјето најпогодено од земјотресите во земјата што се соочува со длабока политичка и економска криза. …
Continue Reading
Утре сончево и топло со температура до 39 степени
Времето утре, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. Во Скопје, …
Continue Reading