Сончево и топло со мала до умерена облачност: попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло …
Continue Reading
Без вода дел од Карпош
РЦУК – Скопје известува дека денеска поради дефект на затворач ф-150 мм на улицата Народен Фронт 21, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Дом на Печат до улицата Франклин Рузвелт) и дел од улицата Васил Ѓорѓов, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Continue Reading
(Видео) Франција ја прегази Шведска
Франција забележа уште една лесна победа на Светското првенство. Во 1/16 финалето, Французите ја победија Шведска со 3:0 (1:0). Во осминафиналето, Франција ќе игра против Парагвај, кој вчера сензационално ја елиминира Германија. Во првите пет натпревари, од првата елиминациска рунда, имаше голема незивесност, три натпревари беа решени во финишот, два по изведувањето пенали, но на стадионот во Њу Џерси, Франција …
Continue Reading
Куман поднесе оставка по елиминацијата од Мароко
Роналд Куман повеќе не е селектор на Холандија. По елиминацијата од Мароко во 1/16 финалето, Куман одлучи да поднесе оставка. Тој ги предводеше Холанѓаните во два наврати, прво од 2018 до 2020 година, а потоа ја презеде селекцијата во 2023 година. На Европското првенство во 2024, тој стигна до полуфиналето, но неговиот тим потфрли на Мундијалот. Холандија настапот го заврши …
Continue Reading
Марија Митева нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ
Портпаролката на Владата, Марија Митева, вечерва на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е именувана за нова претседателка на Унијата на жени на партијата. Во објава на социјалните мрежи, Митева вели дека ќе биде претседателка која ќе слуша, ќе обединува и ќе работи. „Честа не е во функцијата. Честа е во довербата. Со голема благодарност и одговорност, ја прифатив довербата што ми …
Continue Reading
(Фото) „Легендите не заминуваат“: Фанови од сите генерации му оддадоа почит на Владо Јаневски
Фанови од сите возрасти вечерва се собраа пред арената „Борис Трајковски“ да му оддадат почит на починатиот музички маестро Владо Јаневски. Меѓу нив беше и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Во чест на Владо Јаневски… Вечерва, пред платото на СЦ „Борис Трајковски“, одадовме почит кон човекот кој со своите песни остави белег во срцата на генерации. Владо беше емоција, …
Continue Reading
Кинез возел џет-ски под популарна на Малта карпа, се урнала врз него и загинал
Телото на 26-годишниот кинески државјанин кој загина во саботата навечер кога врз него се урна познатата карпеста формација „Kissing Elephants“ во Комино, Малта, беше извлечено од морското дно синоќа. Во несреќата тешко повреден е сопатникот на загинатиот, додека 32-годишен американски турист кој скокнал од карпата непосредно пред тоа, избегал неповреден. Операцијата за извлекување на телото траела речиси 24 часа. Во …
Continue Reading
Леброн ги напушти Лејкерси
Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, ги напушти Лос Анџелес Лејкерс по осум сезони и ќе ја продолжи кариерата во друг НБА клуб. Како што објави „ESPN“, повикувајќи се на извршниот директор на „Clutch Sports“, Рич Пол, четирикратниот шампион на НБА ги информирал челниците на Лејкерс повеќе да не сметаат на него и дека ќе ја дочека …
Continue Reading
Три општински комитети, Унијата на млади сили и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ добија нови претседатели
Три општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ вечерва добија нови претседатели, соопшти премиерот, Христијан Мицкоски. „ОК Кичево добива нов претседател во името на Дејан Пандилевски. Досегашниот претседател на ОК, Лазе Јакимоски, работеше посветено, направи исклучително голема работа, но како заменик министер во Министерството за јавна администрација, останува посветен на своите професионални обврски во рамките на самото министерство“, рече Мицкоски. Нов претседател на …
Continue Reading