Опожарено возило на улицата „Браќа Реџепагиќ“ во Скопје

Денеска во 04:04 часот во СВР Скопје пријавено е дека во Скопје на улицата „Браќа Реџепагиќ“ поточно на паркинг во круг на училиште има опожарено возило. Полициски службеници констатирале дека патничкото опожарено возило е „опел астра“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Н.Ш.(56). Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Уапсени двајца мажи од Чешка за „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“

Вчера во 16:30 часот во Касарна Илинден во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 26-годишниот М.С. и 25-годишниот А.Х. двајцата од Република Чешка, со престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот Законик „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и …

Continue Reading

Истепале полицаец на „Мото собир“ и му се заканувале: кривична против тројца прилепчани

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Ј.(52), Д.Ј.(26) и Н.Ј.(31), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“. На 22.08.2026 за време на одржување на настан „Мото собир“ во Прилеп, пријавените се однесувале недолично и агресивно кон полициски службеник, а потоа физички нападнале …

Continue Reading

Вонбрачниот сопруг ја истепал и ја силувал: 40-годишната жена од Гостивар го пријавила нападот

Вчера во 19:10 часот во ПС Гостивар, 40-годишна жена од Гостивар пријавила дека во ноќните часови на 01/02.09.2026 во нејзиниот стан, нејзиниот вонбрачен сопруг А.С. физички ја нападнал и извршил полов напад врз неа. Се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Со електричен тротинет удрила во велосипед и избегала од местото на несреќата: тешко повредена скопјанка

На 04.09.2026 во 07:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Трета Македонска Бригада“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Л.Н.(46) од Скопје и електричен тротинет, управуван од женско лице, кое го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 46-годишната Л.Н., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка …

Continue Reading

Мицкоски: Целосно е реконструирана старата чаршија во Гевгелија, продолжуваме со работа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Гевгелија посака уште многу проекти како старата чаршија, да бидат реализирани, во периодот којшто следи. „Убеден сум дека ќе ги реализираме бидејќи овде во Гевгелија, како впрочем и низ цела Македонија имаме амбициозна локална самоуправа без разлика на партиската припадност, ние како Влада ги поддржуваме општините насекаде, низ цела држава. До сега имаме издвоено како …

Continue Reading

(Фото) Николоски: Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија во употреба реконструираната Стара чаршија. …

Continue Reading

Пожар на објект во склоп на куќа во Штип: нема повредени

Ноќеска во 00:10 часот СВР Штип е пријавено дека околу 00:10 часот на улицата „Ширк дол“ во Штип, настанал пожар на објект во склоп на куќа, сопственост на Д.А.(75), при што била зафатена соба. Од Територијалната противпожарна единица Штип, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.

Continue Reading

Скопјанка го пријавила сопругот дека ја истепал, подоцна мажот ја пријавил дека таа го истепала

Вчера во 12:36 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријави дека околу 11:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 43-годишен маж. Подоцна во 12:41 часот, 43-годишниот маж од Скопје пријави дека во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 40-годишна жена. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading