(Видео) Пукање во близина на универзитет во САД: шест деца се ранети, вкупно 12 лица се повредени


pukanje-sad-shooting-critically-wounds-year-old-depositphotos_695260990_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 12 лица, меѓу кои и шест деца, се повредени во пукање што се случи завчера вечерта во Талахаси – главниот град на американската сојузна држава Флорида – во близина на Универзитетот „Флорида А&М“, соопштија локалните власти, пренесува ABC.


Шефот на полицијата во Талахаси, Лоренс Ревел, на прес-конференција изјави дека 11 лица се здобиле со прострелни рани.

„Шестмина од повредените се возрасни, а шестмина се малолетни. Најмладата жртва има 11 години. Најмалку тројца од повредените се здобиле со сериозни повреди, а едно лице е во критична состојба. Осуммина од повредените се во стабилна состојба“, рече Ревел.

Единственото лице меѓу повредените кое нема прострелна рана е бабата на една од жртвите. Според шефот на полицијата, таа се повредила додека се обидувала да побегне од местото на пукањето.

Од полицијата соопштија дека шест повредени лица остануваат во болница, од кои едно е во критична состојба. Пет лица, кои се здобиле со прострелни рани, се пуштени од болница.

Полицијата работи на утврдување на одговорните за пукањето и ги повика граѓаните кои имаат какви било информации да се јават кај истражителите. Тие особено побараа фотографии и видеоснимки што би можеле да помогнат во истрагата. „Ќе утврдиме што се случило, ќе ги идентификуваме одговорните и ќе најдеме одговори за сите жртви, нивните семејства и за сите што се погодени од оваа трагедија“, изјави Ревел.

„Знаеме дека има луѓе кои виделе или слушнале нешто, или можеби поседуваат снимки што би можеле да ни помогнат точно да утврдиме што се случило“, додаде тој. Тој нагласи дека помошта од јавноста е од клучно значење за истрагата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK