Ѓоко Велковски ја презеде функцијата министер за социјална политика, демографија и млади
Во Министерството за социјална политика, демографија и млади денеска беше извршено примопредавање на министерската функција, при што Ѓоко Велковски ја презеде должноста министер од досегашниот министер Фатмир Лимани. Со преземањето на функцијата се обезбедува институционален континуитет во работењето на Министерството и во спроведувањето на политиките и реформските процеси во областа на социјалната политика, демографијата и младите. Министерот Велковски, кој досега …
Continue Reading
Рокас : Се надевам на консензус за Изборниот законик до утре, се работи за 4,2 милиони евра што би биле искористени за граѓаните
Евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас, се надева дека до утре политичките партии ќе се успеат да се договорат за измените на Изборниот законик неопходни за исполнување на реформската агенда. Тој денес, на промоцијата на новите возила, донација за Државниот инспекторат за транспорт не ја исклучи можноста за консензус во последен момент. „Јас навистина се надевам на консензус, бидејќи има време …
Continue Reading
(Видео) Ѓорѓиевски: По 30 години голгота, конечно решение за булеварот „Борис Трајковски“
Со силна динамика продолжуваат градежните работи на довршувањето на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Скопје, кој повеќе од три децении беше симбол на нереализирани ветувања, застој и секојдневни сообраќајни проблеми, информираат од Град Скопје. Работите, како што е соопштено, се одвиваат согласно предвидената динамика, а по нивното завршување, повеќе од 100.000 жители ќе добијат современ и …
Continue Reading
Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда
Денеска во Министерството за правда беше извршено примопредавање на министерската функција, при што новоименуваниот министер за правда, Јетон Шасивари, ја презеде должноста од досегашниот министер Игор Филков. Шасивари истакна дека ќе работи посветено, одговорно и транспарентно, со фокус на унапредување на владеењето на правото, зајакнување на независноста , ефикасноста на правосудниот систем,враќање на довербата на граѓаните во правосудството како и …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Се потврди дека Левица е контролирана опозиција од Мицкоски
Во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска рече дека со последните предлози поврзани со Изборниот законик уште еднаш се потврдило дека Левица дејствува како контролирана опозиција на Христијан Мицкоски. „Вчера видовме уште една потврда дека Левица е контролирана опозиција од страна на Мицкоски и ВМРО. Предлагаат усогласување на ставовите на опозицијата по налог на Мицкоски. Какво …
Continue Reading
Гринвуд се сели во Фенербахче
Фенербахче е блиску до затворање на трансферот на Мејсон Гринвуд од Олимпик Марсеј. Клубот од Истанбул подготви обештетување од 42.000.000 евра и четиригодишен договор, вреден 10 милиони евра по сезона. Трансферот на Гринвуд ќе претставува најголема продажба во историјата на Олимпик Марсеј. Претходниот рекорд го држеше Миши Батшуаји, Челзи во 2016 година за него плати 39.000.000 евра. Интересно е што …
Continue Reading
Почина 28-годишен маж од Дебарско: се повредил при сеча на дрва
Вчера во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од с.Седларево, се здобил со повреди при сеча на дрва. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, но на пат кон болницата им подлегнал на повредите, а смрт без траги на насилство констатирал доктор …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Хаосот во Собранието беше театар за прикривање на неуспесите на Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека вчерашниот хаос во Собранието беше театар за прикривање на целосниот неуспех на Владата и од отсуството на резултати на Христијан Мицкоски. „Вчера направи хаос за да прикрие сопствената неспособност, тоа што Владата нема апсолутно никакви резултати во ниту еден сегмент на функционирањето и се обидува да создаде алиби за предвремени избори, бидејќи рече …
Continue Reading
Туск: Би било идиотски да се попречува патот на Украина кон ЕУ или воената помош поради билатерални спорови
Полскиот премиер Доналд Туск категорично ја отфрли идејата дека, поради билатерални спорови, Полска треба да го попречи патот на Украина кон Европската Унија (ЕУ), или дека Унијата дури треба да ѝ одбие воена помош додека е во војна со Русија, а подоцна и пари за реконструкција. Тој го нарече тоа барање на полските опозициски националисти „идиотски“. „Тоа е убиствена политика, …
Continue Reading