Челзи го суспендираше капитенот
Капитенот на Челзи, Енцо Фернандес, е отстранет од тимот за следните два натпревари, објави тренерот на „Сините“, Лиам Росениор. Англиските медиуми тврдат дека Фернандес е суспендиран затоа што пред неколку дена дал интервју во кое јавно ја изразил својата желба да се пресели во Реал Мадрид на крајот од сезоната. „Прво дакажам дека го почитувам Енцо како човек, личност и …
Continue Reading
Државата првпат воведува целосно онлајн аплицирање за инвертер клими – eден клик наместо редици
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува јавен повик за доделување потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година. За прв пат, како што велат, процесот на аплицирање ќе се одвива целосно електронски, преку веб-страницата на Министерството, со што значително се поедноставува постапката за граѓаните. …
Continue Reading
Над 1 милијарда денари исплатени за овчарството
Исплатени се 1.021.527.000 денари на 2.139 одгледувачи, по основ на мерката 2.6 – директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година, соопшти Министерството за земјоделство. „Остануваме посветени на оваа сточарска гранка“, се додава.
Continue Reading
Заклучена во тоалет и избркана од домот: Жена од Бит Пазар пријавила семејно насилство
Во раните вечерни часови на 2 април, 31-годишна жена пријавила во СВР Скопје дека во нивниот дом на подрачјето на Бит Пазар била изложена на насилство од сопругот. Според нејзината пријава, тој најпрво ја заклучил во тоалетот, а по извесно време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот. Таа навела дека во еден момент и нивните четири …
Continue Reading
Жена oд Скопје тврди дека подолго време трпела семејно насилство, сопругот пријавил закани неколку часа подоцна
Во текот на ноќта во Скопје, сопружници меѓусебно се пријавиле во полиција по инцидент во нивниот дом на подрачјето на Центар. Околу 1 часот по полноќ, 52-годишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг агресивно се однесувал и се обидел физички да ја нападне. Според нејзината пријава, таа подолг период била изложена на физичко и психичко малтретирање, но претходно не го пријавувала …
Continue Reading
Додека го чистел оружјето, си нанел прострелна рана: маж од пробиштипско пренесен на Клиника
На 2 април попладне, во Пробиштип пристигнала пријава од Итната медицинска помош дека во семеен дом во село Добрево бил пронајден маж со прострелна рана. Неговиот татко го затекнал во домот и веднаш била побарана медицинска помош, по што случајот бил пријавен и во полиција. По извршениот увид и разговорите со таткото и братот, било посочено дека повредата настанала истиот …
Continue Reading
Кина воведува строги правила за заштита на децата онлајн
Кинескиот регулатор за кибернетички простор објави нацрт-пропис за надзор на развојот на „дигитални луѓе“, со цел заштита на децата на интернет. Според предлогот, сите содржини со виртуелни луѓе ќе мора да бидат јасно означени, а се забранува нивно користење за услуги кои можат да ги доведат во заблуда децата или да поттикнат зависност. Правилата предвидуваат и забрана за „виртуелни интимни …
Continue Reading
Мицкоски: Партнерството меѓу ИНОВА и универзитетите е клуч за економија базирана на знаење
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека соработката меѓу Агенцијата за иновации (ИНОВА) и државните универзитети претставува важен чекор за развој на науката и економијата во земјата. Тој истакна дека образованието е „најсилната инвестиција во иднината“ и нагласи дека поврзувањето на институциите, универзитетите и приватниот сектор е неопходно во услови на брзи глобални промени. „Образованието не е трошок – тоа е најсилната …
Continue Reading
Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора
На денешната промоција на новите електронски услуги за студентите од Државниот завод за статистика (ДЗС) достапни на порталот uslugi.gov.mk, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информираше дека ќе биде потпишан договор за меѓусебно прифаќање на електронските потписи меѓу Црна Гора и Македонија. „Имавме два дена квалитетни разговори со претседателот на Црна Гора. Нешто што веќе го подготвуваме, а можам да …
Continue Reading