(Видео) Манасиевски: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите во Мала Речица и на Бихаќка, тие се соработници на криминалот и корупцијата

СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинители во Мала Речица и на Бихаќка, тие се нивните соработници на криминалот и корупцијата, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, мал дел на судии и обвинители блиски до СДС и ДУИ, го корозираат правосудниот систем и носат одлуки спротивни на правдата, но на иста линија со нивните наредбодавци. Потсети …

Continue Reading

Герасимовски: Во понеделник спроведуваме нова вонредна дератизација во Центар, претходната беше спроведена пред само еден месец

Општина Центар информира дека редовно врши дератизација и дезинсекција на подрачјето на целата општина, со цел заштита на здравјето на граѓаните и превенција од заразни болести. Од почетокот на годината Општината спроведе редовна пролетна дератизација на целата своја територија, како и две вонредни акции на локации каде што беше забележано зголемено присуство на глодари. Новата вонредна дератизација ќе се спроведе …

Continue Reading

Запалиле поголема количина кабли и предизвикале пожар на депонија кај Буково: тројца уапсени

Вчера во 19.30 часот на депонијата кај Буково, полициски службеници од СВР Охрид од слобода ги лишија 27-годишниот Ф.А. од Кавадарци, 31-годишниот Е.И. од Штип и 38-годишниот Е.Н. од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека на депонијата запалиле поголема количина кабли. Во близина на депонијата, полициските службеници забележале и товарно моторно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки натоварено со кабли …

Continue Reading

Митева: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со жените од ЕПП

„Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со EPP Women, како дел од нашето европско политичко семејство. Овие два дена учествувам на академијата „Да ја искористиме силата на жените“ во Атина, која претставува можност за споделување на искуства, воспоставување нови иницијативи за градење соработки, како и за отворена дискусија за актуелните предизвици со кои се соочува …

Continue Reading

Пукање во училиште на Филипините: има убиени и повредени

Три ученици беа убиени денес во пукање во училиште во градот Банга на југот на Филипините, вклучувајќи 16-годишен осомничен за нападот, додека осум лица беа повредени, објави градоначалникот на тој град. „Сите жртви се ученици на возраст меѓу 14 и 17 години. Четири повредени лица се во критична состојба“, изјави за Ројтерс, Алберт Паленсија, градоначалник на Банга, пренесува Ројтерс. Медиумите …

Continue Reading

Драма во Ормускиот теснец: проектил погоди танкер

Танкер што пловел низ Ормускиот теснец бил погоден од „непозната ракета“, по што избувнал пожар на бродот, објави Британскиот центар за поморски трговски операции (UKMTO). UKMTO во соопштение објавено на социјалната мрежа Икс изјави дека пожарот оттогаш е изгаснат, додека сите членови на екипажот се безбедни. „Според извештаите, сите членови на екипажот се безбедни, додека влијанието врз животната средина во …

Continue Reading

Научниците предупредуваат на пад на стапката на вакцинација кај децата во Европа

Опфатот со вакцинација кај децата во Европа стагнира или опаѓа во последниве години, според нова студија што ги анализира податоците за вакцинацијата против седум болести во земјите на Европската Унија во периодот од 1980 до 2024 година. Од 2019 година, 16 земји забележале пад на опфатот со вакцинација за четири или повеќе од анализираните вакцини. Вакцинацијата се смета за една …

Continue Reading

Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувања

Општина Кисела Вода, во соработка со Здружението „ХЕМА-ОНКО“, ги поканува сите заинтересирани граѓани на едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“. Настанот е посветен на подигнување на јавната свест за превенција, рано откривање и навремено лекување на малигните заболувања, а ќе се одржи оваа сабота, 19 септември 2026 година, со почеток во 13:00 часот во „Паркот …

Continue Reading

(Видео) Серафимовска -Борозан: Транспарентни 244 илјади евра во 2018 година, наспроти матни 5,5 милиони евра сега, обвинителството мора да постапи

Само една едноставна споредба која целосно ја разоткрива разликата меѓу домаќинско и криминално управување со народните пари. Во 2018 година, по повод поканата за членство во НАТО, Владата предводена од СДСМ организираше прослава во 15 градови низ целата држава.Целата прослава чинеше 244 илјади евра, платени од буџетот, истакна Маја Серафимовска -Борозан  од СДСМ. Сè беше, додава таа, јавно и транспарентно …

Continue Reading