(Фото) Целосно се реконструира улицата „Фредерик Шопен“ во општина Кисела Вода
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска изврши увид во почетокот на градежните активности за темелна реконструкција на улицата „Фредерик Шопен“. Станува збор за значаен инфраструктурен проект во населбата Бирарија кој решава долгогодишен проблем на локалното население и значително ќе ја унапреди безбедноста во сообраќајот во овој дел од општината. Проектот опфаќа целосна обнова на коловозот во должина …
Continue Reading
(Видео) Левица со предлог-закон за заштита на работничките права: Боледувањето не е куќен притвор!
Пратеничката група на Левица ќе предложи законски измени со кои правото на боледување на работниците ќе се уреди на законско ниво, откако Фондот најави скратување на периодот на боледување и контрола на работниците во нивните домови, известува партијата. Пратеникот Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција истакна дека суштинските права на работниците не смеат да бидат оставени на подзаконско уредување, туку мора …
Continue Reading
Град Скопје: Горно Оризари добива подобри услови за живот, се реконструира улицата и се уредуваат простори за децата
По повеќегодишни барања од жителите на Горно Оризари, започна реализацијата на повеќе инфраструктурни проекти со кои се подобруваат условите за живот во оваа населба, известува Град Скопје. Улицата кон Горно Оризари, која со години беше во лоша состојба, се реконструира со поставување на околу 4.000 квадратни метри нов асфалт. Со реконструкцијата се очекува да се подобри пристапот до населбата и …
Continue Reading
Димитриеска-Кочоска: Координациска средба со директорите на УЈП и Царина- Внимателно ги следиме движењата на реализација на Буџетот
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, на која беше разгледана тековната реализација на Буџетот, со посебен фокус на наплатата на приходите и движењата кај одделните даночни категории. На средбата беше констатирано дека реализацијата на Буџетот се одвива во рамки на планираната …
Continue Reading
На скопскиот аеродром уапсен маж: пронајдени седум парчиња муниција при проверка на неговиот рачен багаж
Вчера околу 15:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници го приведоа 46-годишниот А.Џ. од село Вртекица, скопско. При проверка на неговиот рачен багаж биле пронајдени седум парчиња муниција калибар 9мм. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Тепачка во казино во Аеродром: уапсен 30-годишен скопјанец
Ноќеска, во 03:20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа 30-годишниот Д.Т. од Скопје, по претходна пријава дека во казино го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со 28-годишниот С.С. од Скопје, а исто така и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на …
Continue Reading
Тешко повреден штипјанец: управувајќи мопед изгубил контрола и паднал
Вчера околу 14:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на крстосницата од улицата „Сремски Фронт“ со улицата „Борис Крајгер“ во Штип, 59-годишниот Н.С. од Штип, управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиника болница Штип. Извршен е увид од увидна кипа на СВР Штип.
Continue Reading
Филипче: Дата-центрите ќе ја трошат водата и струјата, а нема да создадат работни места
Дата-центрите што испод радарот ги договара власта заради нивни лични бизнис интереси, ќе трошат огромни количества вода и електрична енергија, а притоа нема да создадат речиси никакви работни места, предупреди претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. „Ние не сме против технолошкиот напредок на државата, туку сме против приватните бизнис-интереси на оваа власт и на премиерот Христијан Мицкоски да се остваруваат …
Continue Reading
(Фото) Општина Битола: Во изградба е спортската сала во Бистрица
Со децении нефункционален, сега во фаза на изградба, од некогашен културен дом ќе прерасне во мултифункционален објект, извести Општина Битола. Градежните работи се во тек, а денеска увид во нив направи градоначалникот на Битола Тони Коњановски и одговорните лица за овој проект. „Жителите на Бистрица ќе добијат објект за спортски, но и културни активности на површина од 386 метри квадратни. …
Continue Reading