Литванија подготвува евакуација на населението кон Полска во случај на војна
Литванија подготви детален план за евакуација на населението во случај на директна воена закана, а Полска се подготвува да служи како транзитен коридор за жителите на балтичките земји. Според ажурираната стратегија, Полска е една од трите главни насоки за евакуација на жителите на Вилнус. Литванските власти нагласуваат дека евакуацијата би требало да започне пред појавата на непосредна закана, додека во …
Continue Reading
Савески и Ѓорѓиевски: Целосна нетолеранција кон корупцијата
Јавните обвинители и адвокатите се на спротивставени страни во судница, но на иста страна кога станува збор за почитувањето на човековите права и стандардите на кривичната постапка, заеднички заклучија Јавниот обвинител, Ненад Савески и претседателот на Адвокатската комора, Лазо Ѓорѓиевски на денешната средба. Од средбата Савески и Ѓорѓиевски упатија порака за целосна нетолеранција кон корупцијата и за зголемување на професионалните …
Continue Reading
Серафимовски: Грижата за пчелите е грижа за иднината на македонското земјоделство
Со порака дека во една тегла мед се соединети природата, човечкиот труд и карактерот на поднебјето, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски во Радовиш ја отвори манифестацијата „Меден Радовиш 2026“. Министерот Серафимовски во своето обраќање посочи дека значењето на пчеларството го надминува производството на мед и други пчелни производи. „Преку опрашувањето, пчелите имаат незаменлива улога во овоштарството, градинарството …
Continue Reading
Туск укажува на рекордни украински загуби: 27.000 загинати и ранети војници месечно
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека украинската страна го информирала оти во последно време Украина има околу 27.000 загинати и ранети војници месечно. „Нашите партнери од Украина ме информираа дека во последно време станува збор за 27.000 загинати и ранети месечно. Тоа, за жал, се рекорди во најтажната смисла на зборот во оваа војна“, рече Туск во полскиот парламент. Тој …
Continue Reading
Дрон погоди нуклеарна централа во Русија
Дрон погодил разладна кула на еден од реакторските блокови на нуклеарната централа Курск во Русија, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Според информациите на агенцијата, ударот се случил рано на 17 септември, додека реакторскиот блок бил во функција. По инцидентот немало промена во режимот на работа на реакторот, ниту избувнал пожар. МААЕ засега не соопшти кој блок бил погоден, …
Continue Reading
Врховен: Не е утврдено како секој од осудените влијаел врз несреќата кај Ласкарци
Врховниот суд го објави образложението за укинување на пресудата на Апелациониот суд за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица. Според Врховниот суд, Апелација не одговорила на сите клучни жалбени наводи и не дала конкретно образложение како дејствијата на секој од осудените се поврзани со несреќата и врз основа на кои докази е утврдена нивната кривична одговорност. Вештачењата …
Continue Reading
„Антропик“ отвори биолабораторија, ќе користи вештачка интелигенција во реални експерименти
Компанијата за вештачка интелигенција „Антропик“ отвори биолошка лабораторија во областа на заливот Сан Франциско, во која ќе спроведува физички експерименти како дел од своите истражувања за примена на вештачката интелигенција во биологијата, објави „Ројтерс“. Постоењето на лабораторијата го потврди Ерик Каудерер-Абрамс, раководител на одделот за природни науки во компанијата. „Веруваме дека, кога станува збор за биологијата, крајниот тест сè уште …
Continue Reading
Утре до 32 степени, од недела следуваат дожд и грмежи
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во крајните северни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно време со сончеви периоди и услови …
Continue Reading
Еден знак влегува во едно од најубавите животни поглавја до крајот на годината
Последните месеци од 2026 година би можеле да бидат пресвртница за еден хороскопски знак. Според астролошките толкувања, станува збор за Лавот, кому му се најавуваат позитивни промени во љубовта, работата и финансиите. За Лавовите, работите што долго време стоеле во место конечно би можеле да почнат да се движат. Претходно вложениот труд може да даде резултати, а мали и навидум …
Continue Reading