Истече плин од вкопана цистерна на бензинска меѓу Охрид и Струга, настанал дефект на вентилот

Во СВР Охрид вчераутро било пријавено дека на бензинска станица на магистралниот пат Охрид-Струга, настанал дефект на вентил за плин, по што имало истекување на плинот. „По налог на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски и екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид, при што е констатирано дека испарувањето на плинот било преку проточен вентил од просторот на оградените …

Continue Reading

Приведен 60-годишник оти предизвикал пожар на сува трева и стрниште во струшкото село Враништа

Струшката полиција вчераутро го уапси 60-годишниот Љ.М. од селото Враништа под сомнение дека во средата, оваа недела, предизвикал пожар на сува трева и стрниште на отворен простор во атарот на селото Враништа. Пожарот го изгасила Територијалната противпожарна единица од Струга и во него нема повредени. По целосно документирање на настанот, против Љ.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Ја натепал сопругата па ги нападнал и полицајците откога пријавила, приведен 44-годишен стружанец

Ноќеска, неколку часа по полноќ полицијата го привела 44-годишниот Б.Д. во струшко село по претходна пријава дека заедно со уште еден член на семејството, физички ја нападнале неговата сопруга. Од МВР известија дека Б.Д. се однесувал агресивно и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Уапсен 43-годишен охриѓанец, кај „Петља“ полицијата го фатила со марихуана во автомобилот

На магистралниот пат Охрид- Кичево, кај месноста „Петља“, вчера попладне полицијата го уапси 43- годишниот Г.Н.(43) од Охрид. При преглед во неговиот автомобил „ауди“ со охридски регистарски ознаки, пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

(Видео) Ископување антимон е опасно, бараме референдум, велат од СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија побара граѓаните на референдум да се изјаснат дали сакаат во нивното место на живеење да има рудници. Кети Штерјова од СДСМ денес изнесе низа обвинувања за распродавање на националните богатства. „Мицкоски ја распродава Македонија. Земјата, водата, рудата, природните ресурси, националните богатства ги нуди на компании. Одлучил Мицкоски сам, народот никој не го прашува. Прво, за дата-центрите …

Continue Reading

(Видео) Герасимовски е на чекор да ја врати општината во 15 век оти глодари се шетаат по влезови, училишта и паркинзи, обвини Хаџиевска

Секојдневно сме сведоци на живи или угинати глодари пред нашите влезови, училишта, паркинзи, тротоари и пешачки патеки во општина Центар, вели Ана Хаџиевска од ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ. Хаџиевска јавно праша дали градоначалникот Горан Герасимовски потфрлил со дератизацијата. „Горан Герасимовски и неспособните кадри на СДС се на чекор да ја вратат општината во 15-ти век. Период засекогаш запомнет поради болестите …

Continue Reading

Дошле со камион и гореле кабли на депонијата во Охрид за да извадат бакар, побаран притвор за три лица

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик. „Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата ’Буково’. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат …

Continue Reading

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДСМ дека користи вештачка интелигенција за подготовка на партиските соопштенија, а во исто време е против изградба на дата-центри. „Талогот полека пресушува, па влегува во сопствени парадокси. Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се …

Continue Reading

(Видео) Кејн собори рекорд стар 49 години

Хари Кејн испиша уште една страница во историјата на Бундеслигата. Напаѓачот на Баерн постигна два гола во убедливата победа над Унион Берлин (7:0). Англичанецот најбргу стигнал до бројката од 100 гола во Бундес лигата. Кејн го постигна јубилејниот гол во 39-та минута, кога го реализираше пеналот и стигна до магичната бројка на својот 98-ми настап во Бундеслигата. Со ова го …

Continue Reading