Утре променливо облачно со сончеви периоди
Врeмето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. …
Continue Reading
(Видео) Литванците побегнаа во засолништа, политичарите беа евакуирани; Туск: Време е да ги отвориме очите
Борбени авиони на НАТО се испратени да пресретнат дрон што леташе во близина на Вилнус, објави министерот за одбрана на Литванија, додека властите упатија итен повик до граѓаните веднаш да се засолнат. Литванија издаде предупредување за „воздушна опасност“ и привремено го прекина сообраќајот на аеродромот во главниот град поради страв од нарушување на воздушниот простор од страна на беспилотни летала. …
Continue Reading
Муцунски со амбасадорите на земјите членки на ЕУ: разменети мислења за забрзување на реформските приоритети и евроинтегративниот процес на државата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа работен појадок со амбасадорот на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас, и амбасадорите на земјите членки на Европската Унија акредитирани во Република Северна Македонија. На средбата, Муцунски ги информираше присутните за актуелните политички и реформски процеси во државата, со посебен осврт на напредокот во исполнувањето на обврските поврзани со …
Continue Reading
Муцунски се фали со пари кои ги добија сите кандидати од ЕУ, прашањето е колку пари губиме, велат од СДСМ
Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Северна Македонија. Овие средства ги добија сите земји кандидати во регионот како дел од Планот за раст за Западен Балкан, освен Србија. Зошто Србија не ги доби? Затоа што сестринската партија на ВМРО – СНС на Вучиќ – со години ги блокира реформите. Не ја спроведоа реформата на правосудството, туку воведоа …
Continue Reading
Утре прекинато водоснабдување на дел од улицата „Дане Крапчев 26“
Утре поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.Дане Крапчев 26, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)
Continue Reading
(Фото) Марихуана скриена во крем и павлака откриени во автомобил на ГП Стар Дојран
Марихуана скриена во пакувања со крем и павлака се откриени во авомотбил на Граничниот премин Стар Дојран, а уапсени се две лица. Според информациите на МВР, вчера околу 23:30 часот на Граничен премин Стар Дојран, полициски службеници ги уапсиле 32-годишната А.К. од Валандово и Н.С.(36) со живеалиште во Нов Дојран. При контрола и преглед на патничко возило „сеат атека“ со …
Continue Reading
Сопругата на Борис Џонсон: Таксистот можеби силувал 1.000 жени, јас го пријавив
Кери Џонсон, сопругата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон, изјави дека таксистот и сериски силувач Џон Ворбојс би можел да има „до илјада, ако не и повеќе“ жртви. Џонсон, која самата беше една од неговите цели и помогна да се изведе пред лицето на правдата, го коментираше случајот откако барањето на Ворбојс за условна слобода беше одбиено минатата недела, што …
Continue Reading
Милошоски: Не ни треба движечка мета, туку остварлива понуда од ЕУ
Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Антонијо Милошоски, денес учествуваше на панел-дискусијата на тема „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“, организирана од Вилфред Мартенс центарот и Фондацијата Конрад Аденауер, по повод Денот на Европа 2026 година. Конференцијата се одржа под наслов „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на …
Continue Reading
Филипче: Не смееме да дозволиме српско и руско влијание да ја оттурне Македонија од ЕУ
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на панел-дискусијата во рамки на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, порача дека Македонија не смее да дозволи српското и руското влијание да ја оттурне од европскиот пат и нагласи дека проширувањето на Европската Унија денес е јасна геостратешка цел и за самата Унија. Филипче истакна дека …
Continue Reading