Отешево домаќин на петтото издание на фестивалот за алтернативна фотографија „Зрно“


peneval-s.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од 9 до 15 септември, овој пат во Отешево ќе се одржи петтото издание на Зрно фестивалот за алтернативна фотографија, кој и годинава на едно место ќе собере фотографи од Македонија и од различни земји на Европа.


Зрно е фестивал посветен на алтернативните фотографски процеси, но и на експериментот, природата и слободниот пристап кон фотографијата. Во текот на работилниците околу триесетина учесници од Германија, Австрија, Унгарија, Словенија, Романија, Хрватска, Турција, Украина, Србија и Македонија ќе работат со различни аналогни и алтернативни техники, разменуваат искуства и учат едни од други, во амбиентот кој полека исчезнува- Преспа.

Во текот на годините, Зрно се наметна како едно од најзначајните места во Европа за учење и размена на знаења поврзани со алтернативната фотографија, привлекувајќи автори и учесници од повеќе европски земји.

Покрај работилниците, фестивалот носи и јавна програма.

На 11 септември, во Центарот за култура во Ресен, ќе бидат отворени изложби на Андраш Согор од Будимпешта и Тома Димовски од Скопје, проследени со филмска проекција.

На 12 септември, програмата продолжува на плажата во Отешево, каде Мартина Пенева ќе одржи DJ сет „Зајдисонце и нова месечина“.

Работилниците и програмата на Зрно годинава повторно го поврзуваат она по што фестивалот е препознатлив: фотографија, експеримент, природа и луѓе што сакаат да направат нешто поинаку.

Програмата на петтото издание на Зрно фестивалот е делумно поддржана од министерството за култура.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK