(Видео) Усик едвај ја одбрани титулата против дебитант – Мечот го реши контроверзна одлука на судијата

Олександр Усик едвај ги одбрани титулите во тешка категорија откако забележа исклучително контроверзна победа, со прекин во 11-та рунда, против дебитантот Рик Верховен во Египет. Поранешниот кикбоксер од Холандија, за кого ова беше втора професионална боксерска борба, беше поагресивен во поголемиот дел од мечот и пружи изненадувачки силен отпор, а во моментот на паузата водеше според бодовите кај еден судија, …

Continue Reading

Моќни се Њујорк Никс, победа ги дели од пласман во големото финале

Кошаркарите на Њујорк победија во Кливленд со 121:108 и поведоа со 3-0 во финалето на Источната конференција на НБА лигата. Никс водеа во текот на целиот натпревар и сега се само на една победа од нивното прво учество во големото финале од 1999 година, кога тимот предводен од Патрик Јуинг, Латрел Спривел и Алан Хјустон загуби од Сан Антонио со …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: Кирил и Методиј го изградија темелот на духовниот и културниот идентитет

Кирил и Методиј го изградија и се вградија во темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот. Нивниот подвиг не се состои само во создавањето на азбуката, туку и во отворањето на можноста човекот да ги артикулира својата мисла, вера и културна самосвест на јазикот што го разбира, нагласува претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова …

Continue Reading

Вучиќ со порака од Пекинг: Можно е наскоро да поднесам оставка

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека неговиот мандат наскоро ќе истече и можно е да поднесе оставка, наведувајќи дека нема да го скрати својот мандат како што некогаш го правеше поранешниот претседател на таа држава Борис Тадиќ. „Значи, можно е наскоро да поднесам оставка“, им рече Вучиќ на новинарите во Пекинг на почетокот од неговата посета на Кина, пренесоа …

Continue Reading

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Меморандумот за разбирање за мировен договор со Иран е „во голема мера договорен“ и дека тој предвидува отворање на Ормуската Теснина, но иранската новинска агенција Фарс подоцна ги демантираше овие тврдења во однос на контролата врз водниот пат. Трамп преку социјалните мрежи истакна дека очекуваниот договор ќе го деблокира овој клучен воден пат, чие …

Continue Reading

Кои се Светите Кирил и Методиј? Тие се еден владика и еден калуѓер

Светите Кирил и Методиј во Православната црква се прославуваат како „Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски“. Кои се Светите Кирил и Методиј? Тие се еден владика и еден калуѓер: Кирил бил монах, а Методиј епископ и архиепископ. И двајцата биле многу учени луѓе. Вброени се меѓу најучените во цела Византиска империја. Нивното потекло било од Македонија. Тие го познавале …

Continue Reading

Тајната служба ликвидираше вооружен маж кој пукаше кај Белата куќа

Вооружен маж синоќа отвори оган кон контролен пункт во близина на Белата куќа во Вашингтон, по што бил смртно ранет од агенти на Тајната служба, кои возвратиле на нападот, соопштија американските власти. Според соопштението на Тајната служба, која е задолжена за обезбедување на американскиот претседател и потпретседател – напаѓачот пукал кон агентите, кои возвратиле со оган. Осомничениот бил ранет и …

Continue Reading

Силни експлозии во Киев, предупредување за масовен руски напад со балистички ракети

Силни експлозии го потресоа Киев во првите часови од денешниот ден, веднаш по предупредувањето на локалните власти за масовен руски напад со балистички ракети. Пред самиот напад, во градот беше прогласена воздушна тревога. Раководителот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, преку апликацијата Телеграм апелираше до граѓаните да останат во засолништата поради ризик од нови удари, информирајќи дека се погодени …

Continue Reading

Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер – над 50 километри на час. Локално, според најавите, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер – над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град. Минималната температура се …

Continue Reading