(Видео) Њујорк Никс се шампиони на Истокот, Брансон МВП на серијата
Њујорк Никс се пласираа во финалето на НБА за прв пат од 1999 година, откако ги победија Кливленд Кавалирс со 130:93 и ја добија серијата со 4-0 во финалето на Источната конференција. Карл-Ентони Таунс постигна 19 поени и 14 скока, Оу-Џи Ануноби додаде 17 поени, Лендри Шамет имаше 16 поени од клупата, а Микал Бриџис и Џејлен Брансон додадоа по …
Continue Reading
Макрон го предупреди Лукашенко да не ја вовлекува Белорусија подлабоко во војната против Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон го предупреди белорускиот лидер Александар Лукашенко да не го продлабочува вклучувањето на својата земја во руската војна против Украина, дознава АФП од извор близок до Макрон, објавува „Киев Индепендент“. Телефонскиот разговор, одржан на 24 мај, се случи во време на сè погласни шпекулации дека Белорусија би можела да се вклучи подиректно во војната на страната на …
Continue Reading
Грција: 20 лица уапсени на Крит за измама со земјоделски субвенции од ЕУ
Грчките власти денес објавија дека 20 лица се уапсени на Крит како дел од операцијата против криминална мрежа обвинета за измамничко добивање земјоделски субвенции од Европската Унија преку поранешната грчка агенција за плаќање ОПЕКЕПА. Операцијата, предводена од Одделот за организиран криминал на Крит, е фокусирана на разбивање на она што истражителите го опишуваат како структурирана група која нелегално барала исплати …
Continue Reading
Нетанјаху: Повеќе немам влијание врз Трамп кога станува збор за Иран
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна за време на разговор зад затворени врати дека се соочува со сериозни тешкотии во обидот да влијае врз ставот на американскиот претседател Доналд Трамп кон Иран, според израелските медиуми. Оваа информација се појави во време кога преговорите меѓу Вашингтон и Техеран очигледно се блиску до постигнување договор со цел да се стави крај на војната …
Continue Reading
За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли
Денеска (25.05.2026) во периодот од 10:00 до 18:00 часот од страна на полициски службеници од ОБПС при СВР Скопје и ОП СЕО беше спроведена засилена акциска контрола на територија на Скопје за санкционирање на прекршоци сторени од возачи на мотоцикли. При тоа санкционирани се 116 возачи, од кои 64 за некористење кацига, 13 за управување мотоцикл без положен возачки испит, …
Continue Reading
Жолт метео аларм поради топлотен бран во Париз, Велика Британија пред соборување на рекорди
Во Франција, жолт метео аларм е прогласен во 18 департмани поради топлотен бран, а истото предупредување се воведува во Париз и неговите предградија од денес, додека Британската метеоролошка служба предупредува дека топлотниот бран таму денес би можел да собори дури три рекорди. „Метео Франс“ објави дека оваа година е обележана со раното доаѓање на екстремно топло време, со утрински температури …
Continue Reading
Советникот на врховниот лидер на Иран до САД: Ако продолжите со војната, ќе им го загорчиме животот на американскиот народ
Поранешниот командант на иранската Револуционерна гарда и воен советник на врховниот лидер на Иран, Мохсен Резаи, изјави дека ако САД продолжат со војната, Техеран ќе им го загорчи животот на Американците и ќе предизвика големи проблеми за американската економија, објави денес американската телевизиска станица „Фокс њуз“. „Исламската Република ви кажува дека ако продолжите со војната, тоа ќе им го загорчи …
Continue Reading
Герасимовски за свлечиштето во Центар: Обезбеден просторот и санкциониран инвеститорот, итна реакција на општината
Инспекциските служби на Општина Центар, заедно со МВР, веднаш излегоа на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат, соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. „По извршениот увид, констатирани се оштетувања на коловозот, тротоарската површина, канализационата мрежа и …
Continue Reading
Трамп: Договорот со Иран ќе биде одличен, или нема да го има
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека мировниот договор со Иран „или ќе биде одличен и значаен, или нема да има договор“. Во објава на социјалната мрежа „Трут Сошл“, Трамп рече дека мировниот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Иран ќе биде подобар од „катастрофалниот“ договор постигнат од администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама, кој, според него, бил директен …
Continue Reading