На свлечиштето во центарот на Скопје бил затрупан багер но багеристот навреме излегол, бандера паднала врз кола: МВР со детали за вчерашниот инцидент
Вчера околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Христо Смирненски” при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од фирма-инвеститор, настанало свлечиште на земјата, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло. Од свлечиштето оштетени се делови од тротоарот на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и …
Continue Reading
Загина 42-годишен маж во сообраќајка меѓу товарно возило и мопед во Кочани
Синоќа во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани. Од здобиените повреди во несреќата, А.Ѓ. починал додека бил пренесуван кон болницата во …
Continue Reading
Мицкоски: Договорот за стратешка соработка со Хрватска претставува долгорочно партнерство за продлабочување на односите
Денешната посета има особено значење за нашите две држави, затоа што таа не претставува само дипломатска средба меѓу две влади, туку претставува потврда на едно пријателство кое се градело со години, на односи засновани врз заемна почит, разбирање, соработка и искрена поддршка, истакна премиерот Христијан Мицкоски за средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. „Република Хрватска е наш близок партнер, пријателска …
Continue Reading
Од мотор влечеле дете по улица во Драчево
Дванаесетгодишно дете е повредено во бизарна несреќа во Драчево. Сопатник на мотоцикл го фатило детето за рака, тоа паднало и било влечено по улица. Според информациите на МВР, вчера околу 14:00 часот, Б.С.(71) од Скопје пријавил во полиција дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица на подрачјето на Драчево, му се приближил мотор управуван од едно лице, на …
Continue Reading
Емини: Босна и Турција се сериозни тестови
Македонската репрезентација се подготвува за двата контролни натпревари против Босна и Херцеговина (29. мај) во Сараево и против Турција (01. јуни) во Истанбул. Сефер Емини од дански Сондерјиске е еден од фудбалерите кој се надеваат на деби настап во дресот на македонската репрезентација. „Сите сега одат на одмор, а ние сме тука со репрезентацијата и максимално ќе се подготвиме за …
Continue Reading
Писмо на Мерц предизвика големо внимание, предлага зајакнување на улогата на земјите од Западен Балкан
Европската унија сè уште нема унифициран став за проширувањето, а разликите меѓу земјите-членки се сè поизразени кога станува збор за Западен Балкан и моделот на неговото идно пристапување. Врз основа на најновите иницијативи, може да се каже дека, од една страна, Германија, Австрија, Чешка, Италија, Словачка и Словенија се посветени на најбрзата можна економска интеграција на новите членки на ЕУ. …
Continue Reading
Тошковски – Рокас: Продолжува силната поддршка на ЕУ за реформите и јакнењето на капацитетите на МВР
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија Михалис Рокас, на која беше потврдена одличната соработка и континуираната поддршка што Европската Унија ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи во процесот на спроведување на реформите и унапредување на институционалните капацитети. Тошковски изрази благодарност за досегашната поддршка од Европската Унија, особено во делот …
Continue Reading
Дурмиши и Ристески на средба со бизнис заедницата: Владата продолжува со мерки за поддршка на домашните компании
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и заменик-министерот Марјан Ристески денеска остварија работна средба со претставници на трите најголеми бизнис-комори во државата и Организацијата на работодавачи на Македонија, на која се разговараше за актуелната економска состојба, предизвиците со кои се соочува бизнис секторот и мерките за поддршка на домашните компании. На средбата присуствуваа Горан Ѓорѓиевски – претседател на Сојузот …
Continue Reading
Лукаревска: Новата фискална стратегија не нуди системски реформи, туку должничко ропство
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, ја обвини Владата за предложената фискална стратегија 2027 – 2031 година, оценувајќи дека таа е заснована на нереални очекувања и недоволно јасни економски политики. Лукаревска посочи дека стратегијата се потпира на надеж, а не на структурни реформи, додавајќи дека се очекува БДП да расте побрзо од задолжувањето, без јасен одговор како ќе се справи идните …
Continue Reading