Семејството на Метју Пери обвинува: асистентот ја прикривал вистината за неговата смрт
Семејството на Метју Пери бара правда откако неговите сестри и мајка изјавија дека неговиот долгогодишен асистент Кенет Ивамаса ја прикривал вистината за околностите на смртта на актерот во 2023 година. Ивамаса, кој призна вина за набавка и давање кетамин што довел до смртта на Пери, се соочува со казна затвор. Тој бил близок со актерот повеќе од 25 години и …
Continue Reading
Нова сообраќајна врска во Гевгелија – улицата „Новопланирана 7“ наскоро ќе биде пуштена во употреба
Во Гевгелија привршуваат градежните работи за изградба и асфалтирање на улицата „Новопланирана 7“, со која се овозможува ново сообраќајно поврзување со улицата „Гоце Делчев“. Станува збор за инфраструктурен проект чија цел е подобрување на сообраќајниот проток и унапредување на условите за безбедно движење во овој дел од градот. Градоначалникот на oпштина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид во завршните активности на …
Continue Reading
Конференциска лига: Кристал Палас и Рајо Ваљекано во историски поход
Фудбалерите од Кристал Палас и Рајо Ваљекано, вечерва во Лајпциг, ќе се борат за трофејот во Конференциската лига на УЕФА. Два тима кои никогаш претходно не играле во европско финале ќе се борат за првиот голем европски трофеј, а Рајо воедно се бори за првиот трофеј во клупската историја. Иако без многу европско искуство, двата тима покажаа исклучителна ефикасност и …
Continue Reading
НАСА објави планови за постојана база на Месечината до 2032 година
Американската вселенска агенција НАСА објави детали за роботи-лендери, „скокачки“ дронови и возила што планира да ги испрати на Месечината во рамки на изградба на постојана месечева база. Меѓу компаниите кои ќе учествуваат во развојот на опремата е и „Blue Origin“ на основачот на Amazon, Џеф Безос, јавува BBC News. САД имаат цел да ги вратат астронаутите на Месечината пред крајот …
Continue Reading
Мазула тренер на сезоната во НБА лигата
Тренерот на Бостон Селтикс, Џо Мазла, е прогласен за најдобар тренер во НБА, со што официјално заврши доделувањето на индивидуални награди, за сезоната 2025/2026. Мазула ги предводеше Селтикс до 56 победи и второ место на Истокот и покрај тоа што Џејсон Тејтум го пропушти поголемиот дел од сезоната поради скината Ахилова тетива. Бостон, сепак, беше елиминиран во првото коло од …
Continue Reading
Туристка поднела тужба против хотел во Италија: ѝ наплаќале седум евра за вода, а не ѝ давале од чешма – судот пресуди
Туристка решила да поднесе тужба против луксузен хотел и го изнесе случајот до Врховниот суд, откако ѝ било одбиено да ѝ послужат бесплатна вода од чешма. Сега е донесена пресуда во Италија. Врховниот суд на Италија одлучил дека хотел со пет ѕвездички во Доломитите не постапил незаконски кога одбил да ѝ послужи вода од чешма, образложувајќи дека не постои законска …
Continue Reading
Гевгелија во знакот на младинскиот фудбал – успешно одржан „Masters Cup 2026“
Изминатиов викенд, Гевгелија беше домаќин на Интернационалниот младински фудбалски турнир „Masters Cup 2026“, кој обедини млади фудбалски таленти, спортски клубови и гости од повеќе европски земји. Турнирот донесе вистинска спортска атмосфера, исполнета со натпреварувачки дух, фер-плеј, дружење и позитивна енергија, а уште еднаш ја потврди важноста на спортот како можност за поврзување на младите. Учество земаа екипи и фудбалски школи …
Continue Reading
„Аферата Миндич“ ја тресе Украина: најголема политичка криза од почетокот на војната
Во Украина се продлабочува најголемата внатрешнополитичка криза од почетокот на војната, поврзана со таканаречената „афера Миндич“, која прерасна во конфликт меѓу претседателскиот кабинет и антикорупциските институции (NABU), поддржани од Западот. Аферата е именувана по бизнисменот Тимур Миндич, близок до претседателот Володимир Зеленски. Според објавените информации, преку прислушкувани материјали се открива наводна корупциска мрежа поврзана со државната енергетска компанија „Енергоатом“, преку …
Continue Reading
Северна Кореја тестира нов ракетен систем под надзор на Ким Џонг Ун
Северна Кореја тестираше новоразвиен лесен повеќенаменски систем за лансирање проектили, како и повеќе тактички крстосувачки ракети, под надзор на лидерот Ким Џонг Ун, јавија државните медиуми. Според севернокорејската новинска агенција „КЦНА“, тестирањата биле извршени вчера и се дел од планот за модернизација на артилериските и ракетните вооружени сили, со цел постигнување на петгодишните цели за развој на националната одбрана. Јужнокорејската …
Continue Reading