Стаменкоска-Трајкоска на Курбан Бајрам кај семејството Јетиш: Да градиме заедница на хуманост и меѓусебна почит
По повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска беше гостин во семејството Јетиш. Во топла, пријателска и празнична атмосфера, таа им го честиташе празникот и им посака здравје и бериќет, негувајќи ги традициите на меѓусебно почитување и соживот меѓу сограѓаните. Од општината велат дека бидејќи вистинската суштина на овој празник лежи во солидарноста …
Continue Reading
Зеленски испрати итно писмо до Трамп
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, испрати итно писмо до американскиот претседател, Доналд Трамп, во кое го предупредува за растечкиот недостаток на украински системи за воздушна одбрана, а особено на антибалистички одбранбени капацитети, пишува „Киев Индепендент“. Апелот доаѓа во време кога Русија ги засилува масовните воздушни напади врз Украина и јавно се заканува со нов бран напади со долг дострел врз Киев, …
Continue Reading
Презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата утре на градскиот стадион во Штип
Во рамките на отворениот ден за граѓаните, утре, 28 мај, со почеток во 12:00 часот, на градскиот стадион во Штип, претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе ја посети презентацијата на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата. „На настанот кој е организиран по повод …
Continue Reading
Перински: Модерни и развиени општини значат конкурентна економија
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Република Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за унапредување на соработката помеѓу министерството и Комората, со посебен акцент на тековните активности кои во моментот се спроведуваат во делот на локалниот економски развој и инфраструктурните инвестиции кои се можност за подобрувањето на условите за …
Continue Reading
УЈП: Рокот за потврда на годишната даночна пријава истекува на 1 јуни
Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни. Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни …
Continue Reading
Меси нема да биде фит до стартот на Мундијалот
Селекторот на аргентинската репрезентација, Лионел Скалони, призна дека капитенот Лионел Меси нема да биде целосно подготвен кога ќе му се приклучи на тимот за да ја одбрани титулата на Светското првенство во 2026 година. Ѕвездата на Интер Мајами го повреди тетивата на својот последен настап во МЛС, предизвикувајќи загриженост кај навивачите на Аргентина само неколку недели пред почетокот на турнирот …
Continue Reading
Објавен конкурс за питомци на Воената академија
Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје објави конкурс за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година. Министерството за одбрана упатува повик до сите млади лица кои сакаат своето образование и работна …
Continue Reading
Итно зголемување на термините и подобра достапност до прегледи, бара Сојузот на здруженија на лица со дијабетес
Сојузот на здруженија на лица со дијабетес денес до Министерство за здравство и Фондот за здравство достави ново барање за итно зголемување на термините и подобра достапност до специјалистички прегледи. Од таму велат дека околу 40% од пацинетите не се во можност да извршат регуларни навремени прегледи за состојбата со дијабетесот и можни компликации од дијабетес. „Сојузот на здруженија на лица …
Continue Reading
Бесплатен роаминг за Македонците во ЕУ од 1 јануари 2027 година, Андоновски го кажа најоптимистичното сценарио
Роамингот за Македонците кои ќе патуваат во земјите од Европската Унија најрано може да се укине од први јануари следната година. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели земјава ги завршила сите подготовки па сега целиот процес зависи само од Европската Унија. „Ние сме подготвени кон тоа да влеземе веднаш, но роковите ќе зависат од Европската Унија. Едно оптимистичко сценарио …
Continue Reading