Ердоган: „Верувам дека тиранинот познат како Нетанјаху ќе ja научи лекцијата“
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го одбележа муслиманскиот празник Курбан Бајрам со остра критика кон израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нарекувајќи го „тиранин“. Во изјава за медиумите по молитвата во џамијата „Чамлиџа“, Ердоган рече дека верува и дека „тиранинот познат како Нетанјаху“ ќе ја научи потребната лекција од муслиманите ширум светот, објави „Анадолија“. Вчера, Ердоган разговараше по телефон со претседателот …
Continue Reading
Иран: Добивме рамка за договорот за завршување на војната со САД
Иранската државна телевизија соопшти дека Техеран добил нацрт на почетна, неофицијална рамка за меморандум за разбирање со Соединетите Американски Држави за завршување на нивниот конфликт. Според рамката, Иран ќе го врати комерцијалниот превоз низ Ормускиот теснец на нивоата пред војната во рок од еден месец, додека Соединетите Американски Држави ќе ги повлечат своите воени сили од близина на Иран и …
Continue Reading
МВР: Од денеска со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со задолжителна четири часовна теоретска обука
Министерството за внатрешни работи информира дека е донесен нов Правилник со кој се уредува задолжителната четиричасовна теоретска обука за управување со мотоцикл до 125 cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW). „Напоменуваме дека не смее да се управува со мотоцикл до 125 см3 доколку не се помине теоретската обука и да се обезбеди потврда од автошкола. Обуката трае …
Continue Reading
Холандскиот премиер: Европа не треба да очекува враќање на старите односи со САД
Односите меѓу Европа и Соединетите Американски Држави нема да бидат исти дури ни по завршувањето на мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави холандскиот премиер Роб Јетен, пренесува холандскиот портал „Nu.nl“. „Би било наивно да се мисли дека со доаѓањето на нов претседател во Америка, ќе се вратиме на она што беше претходно“, рече Јетен. Холандскиот премиер оцени дека Соединетите …
Continue Reading
Герасимовски на полуматурата и матурата во ЈУ Детски дом „11 Октомври“: доделени ваучери за полагање возачки испит на четири матурантки
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на свеченото одбележување на денот на полуматурата и матурата на децата од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, каде заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, беа дел од овој значаен ден за децата и младите од домот. На настанот присуствуваа и претседателот …
Continue Reading
Стаменкоска-Трајкоска на Курбан Бајрам кај семејството Јетиш: Да градиме заедница на хуманост и меѓусебна почит
По повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска беше гостин во семејството Јетиш. Во топла, пријателска и празнична атмосфера, таа им го честиташе празникот и им посака здравје и бериќет, негувајќи ги традициите на меѓусебно почитување и соживот меѓу сограѓаните. Од општината велат дека бидејќи вистинската суштина на овој празник лежи во солидарноста …
Continue Reading
Зеленски испрати итно писмо до Трамп
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, испрати итно писмо до американскиот претседател, Доналд Трамп, во кое го предупредува за растечкиот недостаток на украински системи за воздушна одбрана, а особено на антибалистички одбранбени капацитети, пишува „Киев Индепендент“. Апелот доаѓа во време кога Русија ги засилува масовните воздушни напади врз Украина и јавно се заканува со нов бран напади со долг дострел врз Киев, …
Continue Reading
Презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата утре на градскиот стадион во Штип
Во рамките на отворениот ден за граѓаните, утре, 28 мај, со почеток во 12:00 часот, на градскиот стадион во Штип, претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе ја посети презентацијата на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата. „На настанот кој е организиран по повод …
Continue Reading
Перински: Модерни и развиени општини значат конкурентна економија
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Република Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за унапредување на соработката помеѓу министерството и Комората, со посебен акцент на тековните активности кои во моментот се спроведуваат во делот на локалниот економски развој и инфраструктурните инвестиции кои се можност за подобрувањето на условите за …
Continue Reading