МВР го продолжи работното време на шалтерот за одобренија за патување на малолетници во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните, а особено родителите, дека поради очекуваниот зголемен обем на барања за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (за деца до 14 години), воведено е ново, продолжено работно време на соодветниот шалтер во Скопје. Како и во текот на минатата година, оваа мерка се спроведува со цел ефикасно да се …

Continue Reading

МВР со засилени контроли: лишени од слобода шестмина возачи за безобѕирно возење, во Дебар фатен возач со 2,75 промили алкохол

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода шестмина возачи поради безобѕирно управување со моторни возила. При засилените акциски контроли, полицијата открила тешки прекршоци, при што тројца од возачите биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди, а регистрирани се и случаи на возење без дозвола и под активна забрана. Најсериозните прекршоци …

Continue Reading

Приведен жител на Росоман поради напад во угостителски објект и закани кон градоначалникот

Полицијата го приведе триесет и петгодишниот И.А. од Росоман, кој се сомничи дека физички нападнал едно лице во угостителски објект, а претходно подолго време упатувал закани кон градоначалникот на општина Росоман преку социјалните мрежи. Инцидентот се случил ноќеска, четириесетина минути по полноќ, кога осомничениот под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир. Нарушување на јавниот ред и физички …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Продолжувањето на преговорите зависи само од власта која свесно го загрозува европскиот пат со лажен патриотизам

Дали Македонија ќе ги продолжи преговорите со Европската Унија зависи исклучиво од актуелната власт, која очигледно нема желба да го направи тој чекор, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој останува на цврстиот став дека внесувањето на Бугарите во Уставот на никаков начин нема да го загрози македонскиот идентитет, јазик или која било друга национална одредница. Во изјава за медиумите …

Continue Reading

Николоски на терен: Во Могила градиме улици, канализациони и водоводни системи, спортски комплекс и градинка

Во Општина Могила во тек е значителен инвестициски циклус вреден околу 700.000 евра, преку кој се реализирани и се подготвуваат повеќе инфраструктурни проекти финансирани од општинскиот буџет, државниот буџет и преку програмите на Светска банка. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила. „Навистина ми е драго што денеска во …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Без цврсти гаранции од ЕУ нема уставни измени, Филипче да му пренесе на Радев дека се бара испорака на пресудите од Стразбур

Македонија нема да спроведе уставни измени без јасни, цврсти и писмени гаранции во форма на заклучоци од Европската Унија, порача денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. На прес-конференцијата, владејачката партија упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, нарекувајќи го „специјален бугарски пратеник“ и го повика на бугарскиот претседател Румен Радев да му пренесе дека Македонија очекува спроведување на …

Continue Reading

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион. „Динамиката на изградбата на …

Continue Reading

Меѓусебни обвинувања за Запорожје: Русија тврди дека дрон направил дупка во нуклеарката, Украина негира и вели дека ова е пропаганда

Ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, повторно се вжештува по најновиот инцидент за кој Москва и Киев меѓусебно си ја префрлаат вината. Украина категорично ги отфрли обвинувањата на Русија дека извршила напад со дрон врз централата, кој според руските власти предизвикал оштетување на една од зградите во комплексот. Украинското Министерство за надворешни работи излезе со соопштение во кое …

Continue Reading

Од „историски сојуз“ до изолација: како Трамп го остави Нетанјаху по страна во преговорите со Иран

Кога израелските и американските борбени авиони на 28 февруари годинава извршија заеднички напад врз Иран, американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху славеа „историски одлуки“. Сојузот меѓу двете земји, му порача тогаш Нетанјаху на својот народ, никогаш не бил поцврст. Три месeци подоцна, она што започна како заедничка воена кампања, се чини дека завршува како американски дипломатски процесот …

Continue Reading