(Видео) Струга ја победи Шкендија, Вардар славеше кај Силекс

Струга и Вардар забележаа минимални побед во 13-то коло, во домашниот шампионат. Струга ја победи Шкендија, а Вардар во Кратово го совладса Силекс. Струга со побдата над Шкендија се искачи на првата позиција во првенството. Натпреварот во Струга го реши Малески во 72-та минута. https://topsport.mk/wp-content/uploads/2026/11/stl-ske-1-0.mp4 На стадионот во Кратово, Вардар добрата игра во финишот на првото и почетокот на второто …

Continue Reading

(Видео) Окафор му пресуди на Тотенхем

Фудбалерите на Лидс го победија Тотенхем со 1:0 во 10-то коло од Премиер лигата. Лидс победи по пет последователни натпревари без триумф, во исто време ја прекина серијата на Тотенхем од три победи. Можеби овој натпревар не беше најспектакуларниот можен, но имаше што да им понуди на англиските фудбалски фанови. Иако Тотенхем имаше поголем посед на топката, тимот на Лидс …

Continue Reading

Маж пронајден починат на улица во Гостивар, телото е дадено на обдукција

Тело на 58-годишен гостиварец било пронајдено на улицата „Беличица“ во Гостивар. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а при интервенцијата не биле забележани видливи траги на насилство, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, на 6 ноември, околу 19:50 часот, Итната медицинска помош од Гостивар пријавила во СВР Тетово дека добила повик за укажување лекарска помош на …

Continue Reading

СДСМ: Мицкоски признал дека одлучувал за влезот на „Алта банка“ во Македонија, бараме истрага

СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски лично одлучувал за влезот на „Алта банка“ во Македонија, повикувајќи се на изјави на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и на самиот премиер. Опозициската партија бара обвинителството да отвори истрага за Мицкоски, Славески и министерката Гордана Кочоска, како и да се вклучи Европското обвинителство за проверка на текот на парите поврзани со банката. …

Continue Reading

Радовишанец се заканувал по телефон на вработени во странска амбасада

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против 37-годишниот Ѓ.Н. од Радовиш, осомничен за загрозување лица под меѓународна заштита, откако телефонски упатил сериозни закани кон вработени во амбасада на странска држава во Македонија. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 4 ноември 2026 година пријавениот телефонски се јавил во амбасадата и на странски јазик им се заканувал на …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека опозициската партија се обидува да предизвика паника и да ја наруши довербата во банкарскиот систем. Реагирајќи на прес-конференцијата на Богданка Кузеска, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека одлуките поврзани со банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Оттаму …

Continue Reading

ЗНАМ до АА и СДСМ: Патриотизмот се докажува со дела, Димитриевски не оставаше резервна позиција во Собранието

Движењето ЗНАМ ги отфрла личните дисквалификации и политичките конструкции на Алијансата за Албанците и СДСМ упатени кон претседателот на партијата, Максим Димитриевски. Од ЗНАМ оценуваат дека кога нема аргументи за суштината на прашањата, остануваат навредите и обидите за политичка дискредитација. „Квалификацијата ‘патриот на батерии’ најдобро зборува за политичката култура на оние што ја употребуваат, но не и за Максим Димитриевски“, …

Continue Reading

Од Аеродром за два месеца отстранети 400 тони отпад, транспортирани се до „Дрисла“

Во текот на септември и октомври, од подрачјето на Општина Аеродром биле собрани и транспортирани 400 тони мешан отпад до депонијата „Дрисла“. Екипите на Јавното претпријатие за комунални дејности секојдневно се на терен, каде што собираат кабаст отпад, градежен шут и отпад од дивите депонии и јавните површини. Од Општината информираат дека на граѓаните им е достапна и услугата за …

Continue Reading

Пукано во автомобил во движење на патот Дебреште – Врапчиште

Инцидент со употреба на огнено оружје бил пријавен на локалниот пат меѓу гостиварските села Дебреште и Врапчиште, откако во автомобил во движење бил забележан проектил, а на возилото биле констатирани оштетувања. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 6 ноември, околу 22:40 часот, 28-годишниот Е.Ј. од Гостивар пријавил кривично дело „предизвикување општа опасност“ во Полициското одделение Галате. Во пријавата …

Continue Reading