Депортиво Ла Коруња се врати во Ла Лига

Фудбалерите на Депортиво Ла Коруња загубија со 1:2 од Лас Палмас на „Риазор“ во последното, 42-ро коло од втората лига. И покрај поразот, легендарниот шпански клуб се врати во Ла Лига по турбулентни осум години. Депортиво ја заврши сезоната на второто место со 77 бода, пет помалку од Расинг Сантандер. Лас Палмас поведе во седмата минута со голот на Киријан …

Continue Reading

(Фото) Романија потврди дека руски дрон „Геран-2“ удри во станбена зграда, Букурешт со докази до НАТО

Дронот кој во ноќта меѓу 28 и 29 мај удри во станбена зграда во романскиот град Галати, во близина на украинската граница, е од руско потекло и станува збор за моделот „Геран-2“. Ова официјално го соопшти романскиот претседател Никушор Дан, повикувајќи се на конечниот технички извештај на државните експерти. Ова е првпат од почетокот на руската инвазија врз Украина во …

Continue Reading

Украдена најскапата банана во светот, француски музеј поднесе кривична пријава

Музејот во Стразбур денеска пријави во полиција кражба на банана, која е клучен дел од повеќемилионското уметничко дело на познатиот италијански визуелен уметник Маурицио Кателан. Исчезнувањето на овошјето, кое со обична леплива лента е залепено на ѕид и ја сочинува провокативната инсталација наречена „Комедијант“, било забележано во саботата, пренесува „Франс 24“. Падна кривична пријава, но бананата веднаш е заменета со …

Continue Reading

(Видео) Зеленортските острови ја декласираа Србија во пријателски натпревар

Фудбалската репрезентација на Србија, која не се квалификуваше за Светското првенство, претрпе тежок пораз во пријателски натпревар. Вечерва во Лисабон, екипата на селекторот Вељко Пауновиќ загуби од Зеленортските острови со убедливи 3:0, што предизвика шок и неверица кај српската јавност. Поразот е уште потежок бидејќи фудбалерите на малата африканска држава се 69-ти на ФИФА листата, додека Србија е на 39-то. …

Continue Reading

Второлигашите Скопје и Шекндија Арачиново се пласираа во Првата лига

Скопје и Шкендија Арачиново, следната сеозна ќе играат во Првата македонска фудбалска лигга. Второлигашите, во бараже мечевите беа поуспешни од прволигашите, Брера и Пелистер. Скопје и Брера, својот натпревар го одиграа во Битола. Дуелот беше решен во 88-та минута со голот на Трајчески. Претходно, во 86-та минута, Ангелов не реализираше пенал за Скопје. Пелистер и Шкендија од Арачинови играа на …

Continue Reading

Арсенал остана без трофејот во ЛШ, но на спектакуларен начин ја прослави титулата во Премиер лигата

Очајот и тагата поради поразот на пенали во вчерашното финале на Лигата на шампионите денес се претвори во ерупција од прослава, откако голем број навивачи на Арсенал ги преплавија улиците на северен Лондон. Играчите и тренерскиот персонал се качија во отворени автобуси за да ја прослават првата титула во Премиер лигата по 22 години на осумкилометарската рута. Навивачите дојдоа за …

Continue Reading

Кваратцхелија играч на сезоната во ЛШ

Грузискиот фудбалер Хвича Кваратцхелија беше прогласен за најдобар играч на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26. Ѕвездата на Пари Сен Жермен беше еден од клучните играчи во кампањата на својот тим за втората последователна титула европски шампион. ПСЖ успешно ја одбрани титулата, подвиг што многу великани не успеаја да го постигнат во последните години. Тимот на Луис Енрике го победи …

Continue Reading

Бечеки конечно победи во Муџело

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, славеше на Големата награда на Италија, седмата трка од сезоната на шампионатот во Мото ГП. Италијанскиот мотоциклист триумфираше во Муџело за прв пат во својата кариера, па дури и се најде на подиумот за прв пат на легендарната патека во кралската класа. Исто така ова е прва победа за Априлија во Муџело. Бецеки ја забележа …

Continue Reading

Сомнеж за ебола во Италија

Во градот Каљари, на италијанскиот остров Сардинија, итно се активирани сите медицински и безбедносни протоколи поради сомнеж за случај на опасниот вирус ебола. Едно лице со симптоми кои одговараат на овој вирус е итно пренесено на одделението за инфективни болести, јавува „Еуроњуз“. Акцијата за преземање на пациентот предизвикала голема вознемиреност кај локалното население. На терен излегле полицијата, противпожарната служба и …

Continue Reading