(Видео) Мојсоска: ДПМНЕ им брои залаци на студентите, а милион евра троши за владини настани
Пратеничката Јована Мојсоска од Левица на расправата за ребалансот на Буџетот посочи дека владејачкото мнозинство одбива да обезбеди средства за зголемување на субвенционираниот студентски оброк, додека истовремено троши речиси еден милион евра за техничка поддршка на владините настани. Левица, додаде таа, поднесе амандман со кој бара дополнителни 4,9 милиони евра за зголемување на студентскиот оброк, кој веќе три години изнесува …
Continue Reading
Имавме конструктивна средба, чекаме повратен одговор, кажа Мицкоски за разговорите со студентите
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа како течат разговорите со студентите околу висината на студентскиот оброк и кои решенија беа понудени, изјави: „Да, имавме средба на којашто разговаравме и за студентскиот оброк, но разговаравме и за полагањето на правосудниот испит. Мислам дека имавме конструктивна средба којашто траеше два часа. Ние го објаснивме предлогот којшто …
Continue Reading
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика на дијалог
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика демонстрантите во таа земја на дијалог денес, додека во исто време, на 18-тиот ден од протестот, тие стојат зад барањето тој да поднесе оставка, објавува албански „Јуроњуз“. Рама објави слики од столчиња поставени пред кабинетот на премиерот на социјалните мрежи, со што истовремено повика на разговори со студентите, а ја исклучи можноста за …
Continue Reading
За втриот пензиски столб Владата разгледува и сценарио во кое би сопрела уплатата на една или повеќе години, вели Мицкоски
За да се намали дупката во Фондтот за пензиско осигурување од приближно една милијарда евра годишно, Владата разгледува неколку можни решенија, по алармот на Фискалниот совет дека се потребни итни реформи. Премеирот Христијан Мицкоски вели дека компаниите кои управуваат со средствата кои се уплаќаат во вториот пензиски столб потфрлиле оти приносите се трипати помали од она што било договорено пред …
Continue Reading
Раџа Наинголан може да заврши зад решетки
Обвинителството во Брисел побара двегодишна затворска казна и парична казна од 105.000 евра за фудбалерот Раџа Наинголан пред кривичниот суд. Тој е обвинет за перење пари како дел од истрагата за меѓународна трговија со кокаин. За другите обвинети во истата постапка, обвинителите бараат казни од 12 месеци до 14 години затвор. Истрага беше покрената во март 2023 година против група …
Continue Reading
Спасовски: Владата на ВМРО одби да го прифати амандманот за финансиска поддршка на Сојузот на борците
Владата на ВМРО одби да го прифати амандманот за финансиска поддршка на Сојузот на борците, со кој се бараа два милиони денари за непречено функционирање на организацијата и зачувување на традициите на Народноослободителната борба. Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во своето обраќање во Собранието посочи дека ова е истот амандман што се поднесува при секој буџет и ребаланс, но и …
Continue Reading
Гаши ја посети Општина Бутел и Канцеларијата на пратениците за контакт со граѓаните
Во рамките на континуираната пракса на посети на општините и посветеноста на функционализација на канцелариите на пратениците за контакт со граѓаните, претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес оствари работна посета на Општина Бутел, каде што се сретна со градоначалникот на Општината, Дарко Костовски. За време на средбата беа разгледани можностите за продлабочување на институционалната соработка, проектите што се реализираат во …
Continue Reading
Ливерпул размислува да го откупи договорот на Роналд Араухо
Роналд Араухо ужива во Ливерпул и тоа се забележува во секој негов потег на теренот. Уругвајскиот дефанзивец зрачи со самодоверба, а неговиот трансфер на „Енфилд“ се покажа како совршен, бидејќи тој помина низ тежок период и беше принуден привремено да паузира од фудбалот поради неговото ментално здравје. Во потрага по душевен мир и потпора во верата, дефанзивецот започна духовно патување …
Continue Reading
Серафимовски: Подготвуваме модел за системско поврзување на науката со поддршка за земјоделците
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работи на системско вклучување на научните сознанија во подготовката на политиките и мерките за поддршка на земјоделските стопанства, изјави министерот Борче Серафимовски на отворањето на „АГРО ЕКСПО на ЕУ проекти 2026“ во СПЕЈС ПАРК Скопје. „Фокусот го насочуваме на приспособувањето кон климатските промени, поефикасното користење на водните ресурси и зачувувањето на квалитетот на производството“, …
Continue Reading