Зеленски утре пристигнува во Турција на разговори со Ердоган

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе ја посети Турција, каде што со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе разговара за војната со Русија и безбедноста во Црното Море, соопшти денеска турското претседателство. Средбата ќе се одржи во Истанбул, а разговорите ќе бидат насочени кон зајакнување на билатералната соработка, регионалните и меѓународните случувања, вклучително и руско-украинскиот конфликт. Ердоган во телефонски разговор …

Continue Reading

ЕУ и Канада ја зајакнуваат соработката во областа на суровините и енергијата

Европската Унија и Канада постигнаа договор за зајакнување на трговската соработка во областа на суровините и енергијата, со посебен акцент на критичните минерали од Канада, објави „Политико“. Преговорите, кои се одржале во Монтреал, завршиле успешно, а договорот треба да овозможи поголеми европски инвестиции во канадските природни ресурси, кои се клучни за енергетската транзиција. Инвестициите ќе се насочуваат преку Европската инвестициска …

Continue Reading

Франција повлекува седум милиони кондоми, откриена производствена грешка

Франција повлекува седум милиони кондоми од европскиот пазар поради производствена грешка што може да предизвика нивно пукање или појава на ситни дупчиња, пренесува германската агенција ДПА. Француската управа за заштита на потрошувачите ја забрани продажбата на 15 видови кондоми од повеќе брендови. При инспекциски надзор на производствените погони биле утврдени неправилности во производството на ултратенки кондоми, односно нерамномерна дебелина на …

Continue Reading

Полицијата го истражува престојот на Епстин на имот на британското кралско семејство

Шкотската полиција потврди дека спроведува проверки во врска со престојот на поранешниот принц Ендрју на приватниот кралски имот Балморал, каде што бил во друштво на починатиот сексуален престапник Џефри Епстин и неговата соработничка Гислејн Максвел, пренесува Еј-би-си њуз. Од полицијата соопштија дека проверките се во многу рана фаза. „Сите проверки се засноваат на докази, а потребите на жртвите се во …

Continue Reading

Облачно и постудено време со дожд до вторник, локално се очекуваат над 60 литри на квадратен метар

Времето утре ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на настанот „Национален дијалог во пресрет на СОР31“, организиран од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. За Сиљановска-Давкова климатските промени не се само прашање на заштита на природата, туку системска криза што ги погодува сите сегменти на општеството и бара итност, …

Continue Reading

(Видео) Тренчевска за амандманите на СДСМ: Посебниот додаток за децата со попреченост да се зголеми за 15%

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на амандманската расправа во Собранието образложи предлог амандман на СДСМ за обезбедување дополнителни 20 милиони денари за зголемување на посебниот додаток за деца со попреченост до 26-годишна возраст за 15%. Тренчевска посочи дека зголемувањето е потребно за да им се помогне на семејствата кои подолг период апелираат дека поддршката што ја добиваат од државата не …

Continue Reading

(Видео) Мојсоска: ДПМНЕ им брои залаци на студентите, а милион евра троши за владини настани

Пратеничката Јована Мојсоска од Левица на расправата за ребалансот на Буџетот посочи дека владејачкото мнозинство одбива да обезбеди средства за зголемување на субвенционираниот студентски оброк, додека истовремено троши речиси еден милион евра за техничка поддршка на владините настани. Левица, додаде таа, поднесе амандман со кој бара дополнителни 4,9 милиони евра за зголемување на студентскиот оброк, кој веќе три години изнесува …

Continue Reading

Имавме конструктивна средба, чекаме повратен одговор, кажа Мицкоски за разговорите со студентите

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа како течат разговорите со студентите околу висината на студентскиот оброк и кои решенија беа понудени, изјави: „Да, имавме средба на којашто разговаравме и за студентскиот оброк, но разговаравме и за полагањето на правосудниот испит. Мислам дека имавме конструктивна средба којашто траеше два часа. Ние го објаснивме предлогот којшто …

Continue Reading