Лажни електродистрибутери ограбувале домови во Грција, пленот над 227.000 евра

Четири лица се уапсени во Грција под сомнение дека се претставувале како вработени во електродистрибутивна компанија и ограбувале и измамувале граѓани, при што се стекнале со плен вреден над 227.000 евра, објави „Екатимерини“. Осомничените, на возраст од 20 до 39 години, управувале со лажен телефонски центар во Западна Грција и користеле нерегистрирани телефонски броеви. Тие им се јавувале на граѓаните …

Continue Reading

(Видео) Ништо ново во Англија, Јунајтед загуби од Члези

Манчестер Јунајтед во деветтото коло го доживеа петтиот пораз во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“, попладнево загубија во Лондон од Челзи со 2:0. Јунајтед по девет рунди има само една победа и скромни седум бода. Се чини дека по овој меч Мајкл Керик ќе добие отказ. Иронијата е што на „Стенфорд Бриџ“, Јунајтед се распадна за 10 минути, откако одигра добро …

Continue Reading

Лавров: Зеленски мора да дојде во Москва ако сака средба со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе мора да отпатува во Москва доколку сака директна средба со рускиот претседател Владимир Путин. Ова повторно го порача шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, нагласувајќи дека Москва е подготвена да ја гарантира безбедноста на украинскиот претседател. Лавров истакна дека Путин повеќепати изјавувал оти е подготвен да се сретне со Зеленски, и покрај случувањата во изминатите …

Continue Reading

Пријавила дека сопругот ја нападнал со тврд предмет и ѝ се заканувал во семејниот дом во Чаир

Дваесет и четиригодишна жена од Скопје пријавила дека била физички нападната и добивала закани од сопругот во семејниот дом на подрачјето на Бит-пазар. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен денеска во 3 часот наутро, а нападот се случил претходниот ден, околу 13 часот. Според пријавеното, нејзиниот 24-годишен сопруг ја нападнал со тврд предмет и ѝ нанел повреди, а упатувал …

Continue Reading

Украден пиштол „глок“ од незаклучено товарно возило во Чаир

Седумдесет и четиригодишен скопјанец пријавил дека од неговото товарно возило во скопската општина Чаир му бил украден пиштол „глок“. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 30 октомври во 20:30 часот, а кражбата се случила пет дена претходно, на 25 октомври, околу 3:30 часот. Според пријавеното, товарното возило не било заклучено кога од него бил одземен пиштолот. Од полицијата …

Continue Reading

Тринаесет лица приведени во пет градови, пронајдени марихуана, дрога во прав и таблети

Вкупно 13 лица на возраст од 18 до 46 години биле лишени од слобода на различни локации во Скопје, Прилеп, Демир Капија, Боговиње и Штип, откако кај нив биле пронајдени марихуана, прашкасти и грутчести материи, таблети и предмети со прашкаста содржина, информираат од Министерството за внатрешни работи. Акциите биле спроведени на 30 и 31 октомври годинава. Во Скопје биле лишени …

Continue Reading

Димитриевски: Правосудниот испит ќе се полага на македонски јазик, нема да отстапиме од црвените линии

„Додека ЗНАМ е дел од Владата, правосудниот испит ќе се полага согласно закон и Устав, на македонски јазик“. Ова го порача претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, на денешниот отчет пред граѓаните во Кочани, каде што заедно со партиското раководство ги презентираше резултатите од двегодишната работа. Под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, Димитриевски нагласи …

Continue Reading

Мерцедес излетал од автопатот „Пријателство“ и завршил во двор на семејна куќа, двајца тешко повредени

Двајца мажи се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на автопатот „Пријателство“, во близина на скопското село Трубарево, откако автомобил „мерцедес“ излетал од коловозот и завршил во дворот на семејна куќа. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 1:10 часот. Автомобилот со скопски регистарски ознаки го управувал 33-годишен жител на селото Батинци, кој изгубил контрола над …

Continue Reading

Шасивари најави измени во нотаријатот и дигитализација на постапките

Министерот за правда Јетон Шасивари најави унапредување на законската регулатива во областа на нотаријатот, усогласување со современите стандарди и дигитализација на постапките и услугите. Ова го истакна на отворањето на манифестацијата „Нотарски денови 2026“, организирана од Нотарската комора, на тема „Расправање оставина: помеѓу законската рамка и нотарската практика“. Во своето обраќање, Шасивари го истакна значењето на нотаријатот како еден од …

Continue Reading