Мерцедес излетал од автопатот „Пријателство“ и завршил во двор на семејна куќа, двајца тешко повредени


depositphotos_233849260_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Двајца мажи се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на автопатот „Пријателство“, во близина на скопското село Трубарево, откако автомобил „мерцедес“ излетал од коловозот и завршил во дворот на семејна куќа.


Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 1:10 часот. Автомобилот со скопски регистарски ознаки го управувал 33-годишен жител на селото Батинци, кој изгубил контрола над возилото.

Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот и неговиот 39-годишен сопатник од Скопје. Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

На местото на несреќата бил извршен увид од екипа на СВР Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK