Им нудел помош за да им извади пари од банкомат па им крадел дел од сумата: приведен маж од Кумановско
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 10:30 часот, го привеле М.З.(50) од село Пчиња, кумановско. Тој бил забележан пред банка на улица „Иво Лола Рибар“ во Куманово при извршување на кривично дело „затајување“, односно на оштетените граѓани им нудел помош за да им извади пари од банкомат, но искористувајќи го нивното невнимание тој земал дел од парите. По целосно …
Continue Reading
Поранешниот директор на „Лотарија“ ослободен од притвор, Судот ја прифати гаранцијата од 1,1 милиони евра
Поранешниот директор на „Државна Лотарија“, Перпарим Бајрами, излегува од притвор откако Судот ја прифати неговата гаранцијата во износ од 1.140.781 евра, во недвижен имот „Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на П.Б., првообвинет во предметот со К.бр.1494/26, познат во јавноста како „Лотарија“, поднесен на 14.10.2026 година за замена на мерката притвор со гаранција, донесе …
Continue Reading
22-годишен скопјанец ја претепал вонбрачната партнерка
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.А.(22) од Скопје. Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“. Имено, на 18.07.2026 во семејниот дом во село во општина Маврово и Ростуше, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал својата вонбрачна партнерка.
Continue Reading
18-годишник претепан во двор од средно училиште во Ѓорче Петров, му биле упатени и закани
Вчера во 13:30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје, во присуство на родител, извршија службен разговор со 17-годишник од Скопје. Полицијата постапила по претходна пријава дека во двор од средно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров физички го нападнал О.А.(18) од Скопје. Потоа заедно со неговите другари му упатиле и закани. По целосно документирање на …
Continue Reading
Отворена првата градинка во населбата Подстаница
Денеска во населбата Подстаница во Општина Кисела Вода беше пуштен во употреба новиот објект „Ѕвездички“, кој претставува прва детска градинка во ова населено место. На настанот присуствуваа градоначалничката на општината, Бети Стаменкоска Трајкоска, и министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, кои го означија почетокот на работата на оваа установа. Капацитетот на „Ѕвездички“ првично е предвиден за 40 …
Continue Reading
Скопјанка допирана по телото и вознемирувана во приватна здравствена установа
Скопјанка пријавила дека била допирана по телото во приватна здравствена установа. Имено синоќа во 20:40 часот во СВР Скопје, 29-годишната жена пријавила дека во приватна здравствена установа на подрачјето на Карпош, Д.Н. ја допирал по телото и ја вознемирувал. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Continue Reading
Заштедите на граѓаните не смеат да бидат доведени во ризик, порачуваат од Алијанса за Албанците
Последните случувања со „Алта банка“ во Битола нè потсетуваат на горчливите искуства од минатото. Граѓаните не го заборавиле скандалот со штедилницата ТАТ во 1997 година, ниту пропаѓањето на Еуростандард банка во 2020 година. Во двата случаи, последиците ги почувствуваа луѓето кои со години работеле и штеделе, истакнуваат од Алијанса за Албанците. Денес, додаваат од оваа партија, повторно имаме граѓани кои …
Continue Reading
Си-ен-ен: Повеќе од 58 милиони Американци веќе гласале на изборите
Повеќе од 58,67 милиони Американци веќе го искористиле своето право на предвремен глас за конгресните избори, што претставува рекорд за избори одржани на половина од четиригодишниот претседателски мандат, објави Изборната лабораторија на Универзитетот во Флорида. Како што објави американската телевизиска мрежа CNN, пред четири години тој број изнесувал 45,92 милиони, што претставува зголемување од речиси 28 проценти. Во федералните држави …
Continue Reading
Народна банка: Основната каматна стапка е задржана на 4,25%
Извршниот одбор на Народната банка вчера одржа редовна седница за поставеноста на монетарната политика, на којашто беа разгледани најновите макроекономски показатели од домашното и надворешното окружување, најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари, како и согледувањата од најновите макроекономски проекции на среден рок. На оваа седница Извршниот одбор одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од …
Continue Reading