(Видео) Победата на Рајо Ваљекано во Стразбур ја славеа и во Бетис

Рајо Ваљекано, синоќа испиша нова страница во клупската историја. Малиот клуб од Мадрид, избори пласман во своето прво финале. За трофејот во Конференциската лига ќе се бори со Кристал Палас. Рајо Ваљекано, полуфиналните натпревари со Стразбург ги доби со по 1:0, и со тој успех го обезбеди петтото место за шпанските клубови во Лигата на шампионите следната сезона. Победата во …

Continue Reading

(Видео) Левица Аеродром: Митески плаќа 36 милиони денари за одржување – урбаната опрема во распад

„Додека Општина Аеродром од буџетот издвојува 36 милиони денари, и ги префрла на приватна фирма за „одржување“ на урбана опрема, реалноста на терен нè удира во лице: искршени канти, уништени клупи и опасни детски игралишта“, посочува советничката од Левица, Слободанка Ќириќ. „Од друга страна, пак, на сајтот на општината сѐ е под конец, средено, ново, искосено, искроено, уредено. Очигледно е …

Continue Reading

Украински напад врз Москва, гори рафинерија

Како што објавува „Украинска правда“, украинските сили синоќа нападнаа цели во Русија. Серија експлозии ги потресоа Јарослав, Москва и Ростов на Дон, а најголема штета доживеа голема рафинерија за нафта откако се запали по ударот. Сè започна синоќа, кога првите беспилотни летала беа забележани во близина на руската престолнина. Руската агенција за воздухопловство (Росавијација) реагираше и воведе привремени ограничувања за …

Continue Reading

Божиновска: Енергетската безбедност денес се гради со диверзификација, партнерства и домашни капацитети

Во услови на продолжена геополитичка неизвесност, енергетската безбедност стана стратешки приоритет за сите земји. Како Северна Македонија ја приспособува својата енергетска политика на оваа нова реалност? Геополитичките случувања, без разлика дали се во Европа, во регионот или во поширокиот свет, јасно покажуваат дека енергетската безбедност е прашање на економска стабилност, национална отпорност и регионална соработка. Затоа ја градиме политиката врз …

Continue Reading

(Фото) Голем интерес за проeктот на Велимир Жерновски во Венеција, денеска се отвора Македонскиот национален павилјон

Македонскиот павилјон во Венеција и проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ на мултимедијалниот уметник Велимир Жерновски привлекува големо внимание кај посетителите на Биеналето. Сместен во Спацио Кастело 77 на влезот во престижното Арсенале, публиката љубопитно влегува во просторот каде е изложена монументалната претстава на „Пиета“ прекриена со златни фолии. Македонскиот национален павилјон на 61. Биенале за уметност ќе биде отворен …

Continue Reading

Викендот носи емоционално прочистување за еден хороскопски знак

За чувствителните Риби, периодот од 8 до 10 мај 2026 година носи длабоко емоционално прочистување и враќање кон сопствената суштина во мир и тишина. Овој викенд, Рибите ќе се чувствуваат како да се совршено во склад со невидливите струи на универзумот, а нивната веќе силна интуиција ќе биде на својот врв. Викендот ќе помине во мир и хармонија. Мај носи …

Continue Reading

(Видео) Астон Вила ги растури „Шумарите“, Брага со играч помалку не издржа против Фрајбург

Фудбалерите на Астон Вила и Фрајбург ќе се борат за пехарот во Лига Европа. Вила во англиската пресметка го декласира Нотингем Форест со 4:0, додека Фрајбург ја искористи предноста, играше од седмата минута со фудбалер повеќе и ја победи Брага со 3:1. Специјалистот за Лига Европа, Унаи Емери, сега тренер на Астон Вила, шести пат во кариерата ќе се бори …

Continue Reading

Кристал Палас и Рајо Ваљекано во финалето на Конференциската лига

Фудбалерите на Кристал Палас и Рајо Ваљекано ќе играат во финалето на Конференциската лига за сезоната 2025/26. Кристал Палас ја продолжија својата сезона од соништата и се квалификуваа за европското финале за прв пат во историјата, бидејќи го елиминираа Шахтјор од Донецк во полуфиналето со вкупен резултат од 5:2. Во реваншот на стадионот „Селхерст Парк“, победија со 2:1. Истото важи …

Continue Reading

Психолози: Луѓето во најсреќните врски редовно кажуваат два збора

Зборовите што ги користиме во врската можат да имаат големо влијание врз врската, а познатите психолози д-р Џон Готман и д-р Џули Шварц Готман тврдат дека една едноставна фраза може да открие дали врската има долгорочна иднина. Откако проучувале дури 40.000 парови, тие заклучиле дека благодарноста е еден од најважните темели на успешна врска, објавува „YourTango“. Фразата што ја издвојуваат …

Continue Reading