Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Цените на нафтата денес пораснаа на меѓународните пазари откако американскиот претседател Доналд Трамп го опиша одговорот на Иран на предлогот на САД за прекин на војната како неприфатлив, предизвикувајќи стравувања од понудата бидејќи Ормутскиот теснец останува во голема мера блокиран. На лондонскиот пазар, барел сурова нафта од типот Брент се тргуваше по 103,19 долари попладне, што е за 1,9 долари …

Continue Reading

Дурмиши на министерски состанок за Берлинскиот процес: Регионалната соработка и реформите се клуч за посилен пазар на труд

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска учествуваше на министерскиот состанок за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес во Берлин, на панелот „Промовирање на вработувањето: Ефективни стратегии за отпорни и инклузивни пазари на труд“. Во своето обраќање, Дурмиши истакна дека Северна Македонија останува посветена на спроведување на реформи кои ќе придонесат за посилен, пофлексибилен и поконкурентен пазар на …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Народот го праќаат на езера, тие да летаат на море со владин авион

Оваа влада народот го праќа на езера, за тие да летаат на море со владин авион, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека Владата на ВМРО со погубните политики се повеќе ја изолира државата, граѓаните од ден во ден живеат потешко, додека власта се луксузира. „Од Македонија прават слепо црево на Балканот и не изолираат …

Continue Reading

На армискиот полигон „Криволак“ започна меѓународната вежба „Trojan Footprint 26“

Во рамки на меѓународната воена вежба „Trojan Footprint 26“, денес, на армискиот полигон (AП) „Криволак“, официјално започнаа активностите на најголемата НАТО вежба за специјални сили во Европа. Вежбата ќе се реализира во период од 11 до 22 мај 2026 година на повеќе локации низ Европа. На вежбата на АП „Криволак“, покрај припадници на специјалните сили од Армијата, учествуваат и припадници …

Continue Reading

КИЦ го објави јавниот пивик за „Бит Фест“

Културниот и информативен центар (КИЦ) кој од оваа година започнува да го организира битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“ 2026 година и кое по 18-ти пат ќе се одржи, денеска го објави јавниот повик за учество во програмата. Предмет на јавниот повик е кофинансирање на манифестации и проекти од областа на културата ( музичка и музичко-сценска уметност, театар, ликовна уметност, видео, …

Continue Reading

Шпанија: Не можеме секое утро да се будиме прашувајќи се што следно ќе направат САД

Шпанија повика на создавање армија на Европската Унија како замена за заштитата што ја обезбедува НАТО, а нејзиниот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, сугерираше дека блокот можеби повеќе нема да може да се потпре на воениот сојуз предводен од САД за безбедносни гаранции. Според Албарес, доколку ЕУ не се потпираше на НАТО, Доналд Трамп немаше да може да …

Continue Reading

„Да бев магионичар, ќе останев во Барселона“

Маркус Рашфорд го оправда епитетот засилување за Барселона, но сè уште не е познато дали ќе биде откупен од Манчестер Јунајтед, поради финансиски тешкотии со кои се уште се соочуваат Каталонците. По триумфот во Ел Класико против Реал, каде што англискиот напаѓач постигна гол, тој зборуваше за својата иднина. „Не знам што да ви кажам… Да бев магионичар, ќе останев …

Continue Reading

МОН: Во Скопје се одржува Национален натпревар на вештини, наменет за ученици од средните стручни училишта

Во АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје денес и утре се одржува Национален натпревар на вештини, во организација на Занаетчиска комора Скопје со поддршка од Европската унија. На натпреварот учествуваат ученици од средни стручни училишта, а успешен настап им посакаа министерката за образование и наука, Весна Јаневска, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, директорот на Центарот за …

Continue Reading

Вест Хем поднесе жалба, клубот бара да биде објавена аудиоснинката од комуникацијата на судиите

Фудбалскиот клуб Вест Хем поднесе официјална жалба до Премиер лига поради судењето на Крис Кавана на неделниот натпревар против Арсенал. Главната замерка на клубот, секако, е поништениот гол за 1:1, на Калум Вилсон во 95. минута. Кавана првично го призна погодокот, но откако доби повик од ВАР собата, каде седеше Дарен Ингланд, по четири минути и 17 секунди реши да …

Continue Reading