(Видео) Израелската армија доби ново моќно оружје – Железниот зрак
Израелското Министерство за одбрана објави дека првиот оперативен систем за пресретнување на ракети со ласер со голема моќност, развиен од „Рафаел Адвансд Дифенс Системс“, е испорачан на армијата вчера. Системот се нарекува „Железн Зрак“. Системот, кој успешно пресретна ракети, минофрлачки гранати и беспилотни летала за време на обемни тестирања, ќе биде преземен од воздухопловните сили и интегриран во повеќеслоен систем …
Continue Reading
(Фото) Скопје во еден ритам: Махмут Орхан пред повеќе од 7.000 посетители
Светски познатиот DJ приреди моќен арена настап и незаборавна електронска вечер во Арената „Борис Трајковски“. Над 7.000 посетители ја исполнија арената „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што светски познатиот турски DJ и продуцент Махмут Орхан приреди спектакуларен настап во рамки на „The Arena Experience“, во организација на Music Rituals. Вечерта започна со програма на домашни изведувачи Anna Noodle и Danyel, …
Continue Reading
(Видео) Камерите ја уловија реакцијата на Зеленски на изјавата на Трамп дека Путин сака Украина да успее
Камерите ја снимија реакцијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, дека рускиот претседател Владимир Путин „сака Украина да успее“. По разговорот во одморалиштето Мар-а-Лаго, Трамп и Зеленски одржаа заедничка прес-конференција. Додека повеќето камери беа фокусирани на говорникот, официјалната камера на Белата куќа ги прикажа двајцата лидери во ист кадар, при што беше забележана реакцијата …
Continue Reading
18.318 сообраќајни прекршоци месецов, лишени од слобода 123 лица за безобзирно управување на возило
Во периодот од 01.12.2025-28.12.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 18.318 издадени платни налози, 4.019 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот …
Continue Reading
Херојот од Сиднеј во интервју раскажа што му поминувало низ главата за време на нападот: „Тоа го бараше мојата душа“
Ахмед ал Ахмед, мажот кој разоружал еден од напаѓачите одговорни за смртта на 15 лица на плажата Бонди, во ексклузивно интервју раскажа што му поминувало низ глава непосредно пред херојскиот чин. Иако со својата постапка спасил бројни животи, татко на две деца вели дека и натаму жали за оние кои ги загубиле животите, пишува Би-Би-Си. На снимката се гледа како …
Continue Reading
Крос за СП: Не ми се допаѓа форматот со 48 репрезентации
За шест месеци, во САД, Мексико и Канада ќе се одржи првото Светско првенство во фудбал со 48 репрезентации. Репрезентациите се распредели во 12 групи, во секоја има по четири национални титмови. Пласман во нокаут фазата од натпреварувањето ќе остварат двете првопласирани екипи од секоја група и осумте најдобри третопласирани селекции. Во случај на еднаков број бодови за екипите во …
Continue Reading
Брижит Бардо ги излудуваше мажите – од хеликоптер ѝ ја посипувале куќата со рози
Француската филмска дива и секс-симбол Брижит Бардо почина вчера на 91-годишна возраст. Нејзиниот бурен љубовен живот, розите фрлани од хеликоптер и искрените признанија за страста и неверството и денес ја фасцинираат светската јавност. Позната по русата коса, препознатливиот стил и бикините, Брижит Бардо стана секс-симбол на 1950-тите и 1960-тите години благодарение на филмот И Бог ја создаде жената, режиран од …
Continue Reading
(Фото) Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија, дрога и оружје при СВР Битола во координација со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција го лишија од слобода 51-годишниот А.А. од село Кишава, битолско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се една автоматска пушка „М70АВ2″ …
Continue Reading
12 години од кобната несреќа на Михаел Шумахер во француските Алпи
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, на 29 декември 2013 година доживеа тешка несреќа додека скијаше на француските Алпи. Додека скијал надвор од патеката во ски-центарот Мерибел, изгубил контрола и паднал удирајќи со главата во карпа. Иако носел кацига, се здобил со сериозни повреди на главата. По несреќата, Шумахер со хеликоптер бил пренесен во болницата во Гренобл, каде …
Continue Reading