(Видео) Барселона го одбрани трофејот во Суперкупот на Шпанија

Фудбалерите на Барселона го одбранија трофејот во Суперкупот на Шпанија. Во финалето, во Џеда, го победија најголемиот ривал Реал со 3:2. Вечните ривали, одиграа добар меч и покрај тоа што во првите 30 минути, двата тима ги одработуваа тактичките замисли на своите тренери. Во тој период две солидни шанси имаше Реал, преку Винисиус и Гонзало Гарсија. Двајцата лошо шутираа, па …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени технички предизвици, граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право на глас. Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност“, кажа на прес-конференција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Овие избори покажаа …

Continue Reading

Крај на сезоната за Конор Бредли

Фудбалерот на Ливерпул, Конор Бредли, ја завеши сезоната, по повредата со која се здоби во четвртотокот, против Арсенал (0:0). Дефанзивецот ќе мора да го оперира повреденото колено на левата нога, објави денес шампионот на Англија. „Бредли заработи повреда на коленото во последните минути од натпреварот од Премиер лигата на гостински терен против Арсенал во четвртокот навечер. Бредли ќе биде опериран …

Continue Reading

МВР: Повторените локални избори завршија без нарушувања на јавниот ред и мир

Локалните избори кои се одржаа во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одржаа во мирна, фер и демократска атмосфера, информираат од Министерството за внатрешни работи. „МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Не беа …

Continue Reading

Состојба по обилните врнежи во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со кризи направи пресек на состојбата по врнежите на територијата на Македонија до 18:30 часот. Тетовски регион Тетово На патниот правец Тетово – Бањиче, пред ресторанот „Лумаре“, има падната голема карпа на коловозот со опасност од дополнителни одрони. За настанот се известени ЈКП Тетово, СВР Тетово и ДЗС, кои преземаат мерки согласно надлежностите. Состојбата во градот и …

Continue Reading

Иран прогласи тридневна национална жалост во чест на загинатите во протестите

Владата на Иран соопшти дека воведува тридневна национална жалост во знак на почит кон лицата кои загинале во, како што ја нарекува, „битката на националниот отпор“ поврзана со актуелните протести, пренесе агенцијата Тасним. Според извештајот, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан е „длабоко потресен“ од загубата на човечки животи и ги повикал граѓаните да се приклучат на Маршот на националниот отпор, кој …

Continue Reading

(Видео) Баерн против Волфсбург броеше до осум

Како што се очекуваше, фудбалерите на Баерн го победија тимот на Волфсбург во последниот натпревар од 16-то коло на Бундеслигата. Баварците го декласираа ривалот со 8:1. Баварците воспоставија контрола од првата минута, имаа многу поголем посед на топката, но гостите од Долна Саксонија беа подеднакво опасни во првото полувреме пред голот на Мануел Нојер. Баерн поведе многу рано со автогол …

Continue Reading

(Видео) ДИК: Излезноста на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот е 28,07 проценти

Државната изборна комисија соопшти дека излезноста на повторените избори до 18:30 часот изнесува 28,07 отсто. По општини: – Врапчиште: 31,76 % – Гостивар: 28,22 % – Маврово и Ростуше: 28,04 % – Центар Жупа: 13,18 % Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека поради задоцнето отворање, ќе има продолжување на пет избирачки места, три во Гостивар и две во …

Continue Reading

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и 48 припадници на иранските безбедносни сили. Досега се извршени околу 10.000 апсења. И покрај националниот прекин на интернетот, на социјалните мрежи сè уште се споделуваат снимки кои наводно ја прикажуваат состојбата на терен во Иран. Едно видео, за кое се …

Continue Reading