Кирјос суспендиран на еден месец
Ник Кирјос прифати едномесечна суспензија поради кршење на антидопинг правилата, објави Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA). За време на АТП турнирот во Мајорка во јуни, Австралијанецот даде примерок кој беше позитивен на бензоилекгонин, метаболит на кокаинот. Поранешниот финалист на Вимблдон е привремено суспендиран од 4 август, што му оневозможува да игра или да присуствува на турнири. ITIA изјави …
Continue Reading
Мелони влезе во историјата: Нејзината влада е најдолготрајна од Втората светска војна
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, влезе во историјата со својата десничарска влада, која од денеска е на власт континуирано подолго од која било друга влада од основањето на Италијанската Република во 1946 година. Четириесет и деветгодишната Мелони го надмина претходниот рекорд што го држеше втората влада на Силвио Берлускони, која беше на власт од 2001 до 2005 година. Мелони, која …
Continue Reading
(Видео) Две лица спасени живи од тунел девет дена по поплавите во Непал
Две лица беа спасени од тунел за хидроцентрала утрово, девет дена по катастрофалните поплави што го погодија Непал, додека повеќе од 4.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати. Спасувачките екипи, со помош на повеќе од 500 инженери, сè уште трагаат по исчезнатите. „Две лица се извлечени од тунел поврзан со хидроцентралата Горен Тришули 3А“, изјави член на непалскиот парламент. …
Continue Reading
Захарова: Западот создаде чудовиште од Зеленски кое излезе од контрола
Западните земји создадоа чудовиште од украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, предупредувајќи дека нема гаранција дека неговите постапки во иднина нема да ги загрозат граѓаните на земјите што го поддржуваат Киев. Захарова оцени дека постапките на украинските власти одат надвор од традиционалното разбирање на тероризмот и дека претставуваат комбинација од неонацизам, тероризам …
Continue Reading
Трамп: Ќе го завршиме конфликтот во Украина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека верува оти неговата администрација може да придонесе за завршување на конфликтот во Украина, во време кога Вашингтон најавува нова рунда дипломатски разговори со Москва и Киев. „Мислам дека ќе го постигнеме тоа“, рече Трамп во интервју за британската телевизија „GB News“, зборувајќи за изгледите за постигнување мировен договор. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, …
Continue Reading
Венс ја обвини Европа за воена немоќ
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џ.Д. Венс, остро ги критикуваше воените капацитети на европските сојузници, оценувајќи дека тие не се во можност да ги заштитат трговските бродови што минуваат низ Ормутскиот теснец и да обезбедат непречено снабдување со енергија на светските пазари. Венс, во презентација чие снимање беше објавено на порталот „Си-спен“, рече дека неможноста на европските земји да ги …
Continue Reading
Сончево време со температура до 33 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 33 степени, информира УХМР. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од …
Continue Reading
ЕУ ги менува правилата за онлајн пратки, доаѓа нова такса
Советот на ЕУ даде конечно одобрение за најголемата реформа на европскиот царински систем во последните децении. Промените особено ќе влијаат на милијардите мали пратки што граѓаните ги нарачуваат преку интернет од земји надвор од Европската Унија. Најважната вест за купувачите е дека онлајн платформите што продаваат стока во ЕУ ќе се третираат како увозници. Тие ќе бидат одговорни за царинските …
Continue Reading
Медведев ја предупреди Германија: Ми се чини дека треба да се вразумат
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, им препорача на германските власти да водат поизбалансирана политика кон Русија и да не се обидуваат да влезат во конфронтација со Москва. „Ми се чини дека треба да се вразумат и да водат многу поизбалансиран курс, а не да се обидуваат директно да влезат во конфронтација со нашата земја“, рече Медведев …
Continue Reading