Украинците уништуваат руски дронови за неколку секунди со ласери

Украинските инженери развија и успешно тестираа нов ласерски систем за воздушна одбрана познат како Sunray, кој може ефикасно да уништи руски беспилотни летала и чини значително помалку од споредливите западни системи, објавува The Atlantic. Според новинарот Сајмон Шустер, кој присуствуваше на тестот, системот Sunray наликува на аматерски телескоп опремен со камери и може да се монтира на покривот на обичен …

Continue Reading

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад секоја одлука која ја донел. Ваквата реакција доаѓа по изјавите на негова поранешна колешка. Бубевски вели дека побарал извинување од неа, а ако не го направи тоа ќе поднесе тужба за клевета. „Најостро ги демантирам клеветите и измислените наводи изнесени …

Continue Reading

Двократен светски шампион загина во страшна несреќа

Трагична вест од Франција го потресе светото на екстремните спортови. Пјер Волник (37), еден од најдобрите „wingsuit“ спортисти на денешницата, почина за време на скок од Мон Блан, највисокиот врв на Алпите. Според достапните информации, падобранот на Волник не се отворил за време на летот, поради што тој удрил на земјата со голема брзина во областа Бозон. Итните служби брзо …

Continue Reading

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Демократска Обнова на Македонија (ДОМ) со загриженост ги следи податоците објавени од страна на „Транспаренси Интернешанл“ за перцепцијата на корупцијата во 2025 година, според кои Македонија е рангирана на 84-то место од 180 земји. Со скоро идентични поени како и минатата година овој извештај покажува дека нема суштински напредок во справувањето со овој децениски проблем во нашата земја, велат од …

Continue Reading

„Заев и Спасовски преку Катица Јанева ја управувале работата во СЈО“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, додека Јанева имала улога на координатор, бидејќи немала експертиза во материјата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СЈО работело под директна насока на …

Continue Reading

Супербоул 2026 е втор најгледан ТВ пренос во историјата на САД

Овогодишниот Супербоул стана втор најгледан ТВ пренос во историјата на САД, со просек од 124,9 милиони гледачи кои го гледаа натпреварот меѓу Сиетл Сихокс и Њу Ингланд Патриотс кој заврши со резултат 29:13. Врвот на гледаноста беше забележан во втората четвртина, кога дури 137,8 милиони луѓе го гледаа натпреварот, што претставува најголема публика во историјата на американската телевизија во една …

Continue Reading

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра да биде ставен на дневен ред“, велат од СДСМ. „Иако СДСМ го поднесе предлогот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата на 31 јануари, со што согласно Деливникот целосно беше исполнет условот точките поднесени до крајот на минатиот …

Continue Reading

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите во Запорожје предизвикаа пожари и прекини во електричната енергија, соопштија украинските власти. Руски дрон погоди станбена зграда рано наутро во среда, 11 февруари, објави Киев пост. Државната служба за итни ситуации на Украина соопшти на Телеграм дека нападот со беспилотно …

Continue Reading

Полицијата ја идентификуваше жената осомничена за масакрот во Канада

Полицијата ја идентификуваше жената осомничена за пукањето во Канада, но во овој момент не го објавува нејзиното име. Истражителите сè уште го утврдуваат мотивот за нападот, како и врската помеѓу осомничениот и жртвите, објави Асошиејтед Прес. Кен Флојд, началник на Канадската кралска коњичка полиција (RCMP), им изјави на новинарите дека осомничената е идентификувана, но дека нејзиното име нема да биде …

Continue Reading