Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината. Инспекциските служби, по претходно изготвен регистар од месните и урбаните заедници, денеска започнаа со лепење на известувања за задолжително отстранување на овие возила. Согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад, сопствениците …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета, наместо на суд да се докажува, се расфрла со лаги на пресови

Бисера Антоанета, наместо на суд да се докажува, се расфрла со лаги на пресови, само со СДС и Филипче е можно загрозување на јазикот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на прес – конференцијата на пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска- Стојчевска. „Загрозувањето на македонскиот јазик е можно само со СДС и Венко Филипче. Тоа до сега веќе се докажа и во пракса и …

Continue Reading

Европски пратеник: Нападот врз Иран не е војна, туку нелегална инвазија

Американската воена акција против Иран не може да се третира како класичен вооружен конфликт, туку претставува нелегална инвазија и бомбардирање на суверена држава, изјави белгискиот член на Европскиот парламент Руди Квенс. Во својата изјава за медиумите, тој нагласи дека во сегашната ситуација не постои вообичаен модел на конфликт меѓу две рамноправни страни, туку еднострано дејствување. „Нема конфликт меѓу САД, Израел …

Continue Reading

Костовски потпиша договор за изградба на нова поликлиника

Денес градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски го потпиша договорот за изградба на нова поликлиника. Изградбата на новата поликлиника претставува историски чекор за општина Бутел, соопштија од општината. „Градоначалникот изрази огромна благодарност на премиерот Христијан Мицкоски, за посветеноста и поддршката на Владата за реализација на капиталниот проект кој граѓаните го очекуваат со децении. Новата поликлиника ќе биде изградена на местото …

Continue Reading

Градоначалникот на Град Скопје на настан организиран по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Градоначалникот на Град Скопје денеска присуствуваше на настанот организиран по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, кој се одржа во Скопската Зоолошка градина. Настанот беше реализиран во соработка со здруженијата „Видлива поддршка“ и „Трисомија 21“, при што беа засадени дрвца како симбол на животот, растот и надежта. Со оваа симболична активност се испрати порака за важноста на прифаќањето, …

Continue Reading

Словенија воведува ограничувања за гориво

Воведувањето на привремено ограничување на горивото, кое стапи на сила на полноќ од сабота до недела, предизвика гужви на бензинските пумпи низ цела Словенија. Целта на оваа итна мерка е да се намалат проблемите во снабдувањето со нафтени производи, но првиот ден од спроведувањето беше обележан со редици и доцнења на клучните локации, објавува „Анадолу“. Според усвоените мерки, дозволено е …

Continue Reading

ФЗО го „чешлаше“ МВР: утврдени лажни боледувања, изречени казни од 1,2 милиони денари

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), по барање на Министерството за внатрешни работи, спроведе детална контрола на боледувањата кај вработени во МВР. Контролата беше реализирана во втората половина на 2025 година и опфати 80 осигурени лица, кај кои биле евидентирани вкупно 514 боледувања. Од вкупниот број боледувања 258 траеле до 7 дена, 171 траеле до 15 дена, 83 биле со траење од …

Continue Reading

Именуван е најмладиот тренер во историјата на Евролигата

Кошаркарскиот клуб Париз го назначи Џулиус Томас за привремен тренер до крајот на сезоната. 28-годишникот ќе го замени Франческо Табелини на таа позиција. Џулиус Томас (десно) Досега, Томас ја извршуваше позицијата помошник главен тренер. Тој ќе стане најмладиот тренер во историјата на Евролигата, со што Париз ја потврди репутацијата на клуб кој верува во млади таленти. Тој е член на …

Continue Reading

Хуманитарната трка „Зегин Спектратон“ уште еднаш ги обедини граѓаните со една цел

Вчера Општина Аеродром по трет пат пулсираше во ритамот на хуманоста и спортскиот дух. Повеќе од две илјади граѓани истрчаа километри полни љубов и разбирање, а децата уште еднаш покажаа дека овој настан е во вистинска смисла на зборот-“Трка на херои во сите бои” и храбро истрчаа во име на хуманоста, љубовта и свет еднаков за сите. Од третото издание …

Continue Reading