„Што и да правам – функционира“: Трамп за заканите кон Иран и односите со НАТО
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „што и да прави, изгледа дека функционира многу добро“, кога беше прашан за неговите закани упатени кон Иран, пренесе Би-Би-Си. Во краток телефонски разговор со уредничката за Северна Америка на Би-Би-Си, Сара Смит, Трамп беше прашан дали неговата изјава од почетокот на месецот – дека „целата цивилизација ќе умре вечерва“ – била закана за …
Continue Reading
Ресен до крајот на годинава ќе биде целосно исчистен од диви депонии, веќе се расчистени шест од вкупно девет
До крајот на годинава, Ресен ќе биде целосно исчистен од диви депонии, кажа директорот на Јавното комунално препријатие „Пролетер“ – Ресен, Марчел Косентино-Русу на денешната панел-дискусија „За почиста Преспа: заеднички чекори за подобро управување со отпад“ организирана во Ресен од Институтот за комуниколошки студии, Македонското еколошко друштво и „Еко герила-Преспа“. Претпријатието работи на расчистување на поголемите диви депонии последните неколку …
Continue Reading
Трипуновски од Пробиштип: Ги слушаме проблемите и предлозите на земјоделците и заеднички носиме решенија и мерки
Денеска во општина Пробиштип се одржа 13-тата трибина во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. „Кампањата се реализира преку два големи тима кои одржуваат трибини во повеќе општини, како и шест помали тимови кои посетуваат населени места, со цел да се презентираат сите актуелни мерки, реализирани активности и идни планови на Министерството“, истакна министерот за земјоделство, …
Continue Reading
По години напредок, девојчињата повторно заостануваат по математика
Девојчињата повторно заостануваат зад момчињата по математика, покажува најновото истражување на УНЕСКО. Во 2023 година, момчињата имаат подобри резултати во дури 81% од анализираните земји, што е највисоко ниво во последните речиси 30 години. Иако разликата значително се намалуваше во изминатите децении, од 2019 година трендот се свртува. Сѐ повеќе девојчиња не го достигнуваат ни минималниот праг по математика, додека …
Continue Reading
„Без интернет, но заради безбедност“: Путин ги брани исклучувањата и покрај незадоволството на граѓаните
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека прекините на интернетот во Русија се неопходни од безбедносни причини, бранејќи ги мерките кои предизвикаа широко незадоволство кај јавноста, пренесе Хина. „Не можам, а да не укажам на она што го доживуваат луѓето во големите градови. Тоа не е вообичаено, но за жал се случува. Мислам на одредени проблеми со интернетот и прекините …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова го прогласи за отворено 38. издание на Саемот на книгата
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прогласи за отворено 38. издание на Саемот на книгата, којшто годинава под слоганот „Отвори прозорец кон нови светови“ се одржува од 23 до 29 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Во своето обраќање, Сиљановска-Давкова нагласи дека книгата претставува суштински носител на човечката мисла и култура, чија основна улога е да го пренесе духот од еден …
Continue Reading
Гаши ќе биде домаќин на ХХ Конференција на претседатели на парламенти на Јадранско Јонската Иницијатива
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на 24 април 2026 година ќе биде домаќин на ХХ Конференција на претседатели/спикери на Јадранско и Јонската Иницијатива (ЈЈИ), што се одржува во рамките на претседавањето на нашата држава со оваа Иницијатива. Конференцијата ќе се одржи во Кристалната сала на Собранието. На состанокот ќе присуствуваат претседатели, заменик-претседатели и пратеници од парламентите на државите членки на …
Continue Reading
ЕУ одобри 90 милијарди евра за Украина, воведени се нови санкции врз Русија
Земјите-членки на ЕУ формално одобрија заем од 90 милијарди евра за Украина и 20-тиот пакет санкции против Русија, објави кипарското претседателство. Вчера, амбасадорите на земјите-членки покренаа писмена постапка за усвојување на две одлуки, која беше завршена денеска попладне. Двете одлуки, за заемот и за 20-тиот пакет санкции, досега беа блокирани од унгарскиот премиер во заминување Виктор Орбан, оправдувајќи го своето …
Continue Reading
Муцунски – Варнес: Стратешкото партнерство и сојузништвото во НАТО се клучни фактори за стабилност
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес, што претставуваше прва средба по посетата на САД во рамки на втората сесија од Стратешкиот дијалог. „Во рамки на средбата беше изразено задоволство од продлабочувањето на билатералните односи и соработката. Министерот Муцунски ја реафирмираше посветеноста на Владата …
Continue Reading