По повод одбележувањето на 50 години од основањето на Општина Карпош, на 6 ноември (петок), со почеток во 21:00 часот, ќе се одржи голема музичка забава со Кирил Џајковски и DJ collective – Sempre (Delovski, InvictoZ, Flowzy, Blu).
Настанот ќе се одржи на отворено, пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што посетителите ќе имаат можност да уживаат во препознатливиот музички звук, ритам и енергија на еден од најпознатите македонски музички артисти.
Влезот е слободен.