Манасиевски: Филипче по насока на пи-ар шефот Башановиќ спремил програма на СДС

ВМРО-ДПМНЕ упати остри критики кон новата програма на СДСМ, оценувајќи дека таа е „без суштина“ и изработена од лица кои, како што наведуваат, немаат допир со реалноста. Во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на партијата, се посочува дека програмата била подготвена по насока на ПР-тимот, и покрај тоа што СДС до пред две години биле …

Continue Reading

(Видео) Савески предложи обвинителка од тефтерчето на Сашо Мијалков од бомбите, СДСМ обвини за скандал

На прес-конференција пред Јавното обвинителство генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, обвини дека новиот јавен обвинител со скандал го почнува мандатот „Јавниот обвинител требаше да биде независен. Требаше да биде гарант на правдата. Како што рековме, не сме сигурни кога станува збор за изборот на Мицкоски, без оглед на биографијата. Еве, не ни почна со работа, а веќе имаме …

Continue Reading

35% од населението е со прекумерна тежина, Алиу кажа дека оваа недела центар за дебелина е отворен и во Охрид

Зголемената телесна тежина претставува сериозен здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас, кој посебно ги засега децата и адолесцентите. Статистичките податоци покажуваат дека во нашата држава преваленцата на обезноста изнесува 30–35 проценти. Во таа насока, е посебно значајно функционирањето на центрите за третман на дебелина на Клиниката за ендокринологија и во ГОБ „8 Септември“. …

Continue Reading

Чешка вели дека нема пари за одбрана за да ја исполни целта на НАТО

Владата на Чешка, предводена од Андреј Бабиш, нема да ја исполни обврската на НАТО за издвојување најмалку 2 отсто од БДП за одбрана. За 2026 година, издвојувањата ќе достигнат околу 6,3 милијарди евра, односно 1,7 проценти од БДП, пренесе „Дојче Веле“. За да го достигне таргетот, владата планира во одбранбени трошоци да вклучи и инфраструктурни проекти, како автопати и железници. …

Continue Reading

Мразот на Арктикот на историски минимум

Површината на мразот во арктичките мориња оваа зима достигнала само 14,29 милиони квадратни километри – најниско ниво досега, покажуваат податоци на американскиот Национален центар за снег и лед, пренесе Шпигел. Тоа е за 1,3 милиони квадратни километри помалку од просекот во периодот 1981–2010, површина приближна на Перу. Постепено топење без пресврт „Како што температурите растат, особено во поларните региони, шансите …

Continue Reading

Скалони: За доброто на фудбалот, Меси треба да игра на Светското првенство

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека би сакал Лионел Меси да игра на Светското првенство оваа година, но нагласи дека конечната одлука ќе зависи исклучиво од фудбалерот на Интер Мајами. Меси, кој ќе има 39 години за време на турнирот, ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство во Катар во 2022 година, што претставува круна на една од …

Continue Reading

(Видео) Неверојатна снимка: Женка кит раѓа, другите ѝ помагаат

Научници од организацијата Project CETI снимиле редок момент – породување на женка кит кај островот Доминика, пренесе Гардијан. 19-годишната женка по име Рауна била опкружена со други женки кои активно ѝ помагале за време на породувањето – што е исклучително ретко во животинскиот свет.   View this post on Instagram   A post shared by Project CETI (@projectceti) Породувањето траело …

Continue Reading

(Видео) Јокиќ со трипл-дабл, Дончиќ броеше до 41

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ уште еднаш доминираа, во победите на своите тимови во НБА лигата. Јокиќ со 33 поени оствари уште еден трипл-дабл, а Дончиќ постигна 41 поен. Денвер Нагетс имаа проблем со еден од најлошите тимови во лигата, Јута Џез. На крајот Јокиќ не дозволи изненадување, а Нагетс славеа по пресврт во последната четвртина со 135:129. Пресвртот го …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ со критики за СДСМ и Филипче дека водат андидржавна политика

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ, поради, како што наведуваат, сервилни и поданички политики, доживеала сериозен пад на поддршката и се свела на околу 130 илјади гласа. Од партијата тврдат дека СДСМ и во време кога била на власт, но и сега од опозиција, продолжува да спроведува антидржавна политика, под влијание на Венко Филипче, Зоран Заев и нивниот, како што велат, советник …

Continue Reading